Skip to main content
goce.mk

goce.mk

By Goce.mk

Available on
Apple Podcasts Logo
Google Podcasts Logo
Pocket Casts Logo
RadioPublic Logo
Spotify Logo
Currently playing episode

Подкаст Без Притисок: др. Борис Роглев

goce.mkNov 23, 2022

00:00
29:56
Зошто протестираат студентите? – интервју со студентската правобранителка Савче Ѓошева

Зошто протестираат студентите? – интервју со студентската правобранителка Савче Ѓошева

Студентите денес одлучија да излезат на протест и да постават повеќе барања пред министерството за образование и наука. Исплатите на стипендиите беа иницијален момент за почеток на протестите, меѓутоа тие денес беа исплатени. И покрај ова студентите одлучија да излезат на протест. Дали ќе продолжат со протестите и кои се сега нивните барања разговаравме со Савче Ѓошева, студентска правобранителка


Feb 05, 202402:19
Советувалиште за одвикнување од цигари во ЦЈЗ може да ви помогне во процесот

Советувалиште за одвикнување од цигари во ЦЈЗ може да ви помогне во процесот

Пушењето е „стар непријател“ на младите луѓе, а Македонија за жал, предничи во бројот на зависници во земјите од Европа.


Nov 20, 202302:21
Бојан Велевски: Штип е мојот втор дом

Бојан Велевски: Штип е мојот втор дом

Комичарот Бојан Велевски, синоќа го одржа деветтиот настап од неговата турнеја низ Македонија. Синоќа беше во Штип.

Очигледно дека штипјани го сакаат Велевски, бидејќи сите карти беа распродадени, а, салата беше наполнета до последното столче.

Nov 03, 202303:16
Младите се’ повеќе се свесни за постоење на дезинформации во дигиталниот свет

Младите се’ повеќе се свесни за постоење на дезинформации во дигиталниот свет

Изминатата недела се одбележуваше светската недела на медиумската писменост.
Живееме во ера каде дигитализацијата се шири мошне брзо, а со самото тоа се дигитализираат и медиумите, па така имаме подостапни и побрзи извори на информации и дезинформации.
Многумина од луѓето не знаат како да препознаат лажни вести, и, најчесто веруваат во се’ што ќе прочитаат. Но, не се’ што е напишано на интернет е вистина.
За да знаеме дали една вест е вистинита, најлесно можеме да провериме така што, веста ќе ја пребараме по други медиуми, или ќе ја провериме нејзината содржина. Исто така има и доста едукативни програми на оваа тема, кои се лесно достапни.

Oct 30, 202301:33
Дебата: Младите да станат дел од креирањето политики

Дебата: Младите да станат дел од креирањето политики

Потребно е младите да се вклучуваат што повеќе во креирањето на политики. Важно е младите да бидат активни и дел од процесот за пристапување кон ЕУ. Ова се дел од заклучоците од втората дебата на Институтот за добро управување и евроатлански перспективи насловена „Младите се во ЕУ“.

Oct 12, 202303:50
На предавање со Сара Денкова С01Е08

На предавање со Сара Денкова С01Е08

Емисија посветена на науката, студентите и нивните вонучилишни активности. Дел од емисијата е посветен и на Шекерната болест (Diabetes melitus) од која што за жал се почесто страдаат младите… Уживајте и научете нешто ново!



Jun 30, 202352:07
На предавање со Сара Денкова С01Е07

На предавање со Сара Денкова С01Е07

Емисија посветена на науката, студентите и нивните вонучилишни активности. Дел од емисијата е посветен и на Шекерната болест (Diabetes melitus) од која што за жал се почесто страдаат младите… Уживајте и научете нешто ново!

Jun 19, 202352:07
На предавање со Сандра Лазовска С01Е06

На предавање со Сандра Лазовска С01Е06

Емисија" На Предавање" е проект на УГД ФМ и Универзитеткото студентско собрание при Универзитетот Гоце Делчев.

Гоце.мк ги пренесува во целост на интернет.

Во оваа епизода ваш водител е Сандра Лазовска,студент на Музичката Академија при УГД.

Дел од оваа емисија се и студенти од Музичката Академија Илина Врешкова оддел соло пеење и Горан Тонев -класична гитара.

Уживајте!

Jun 16, 202301:07:26
На Предавање со Сара Денкова и Стојче Читкушева Димитрова С01Е05

На Предавање со Сара Денкова и Стојче Читкушева Димитрова С01Е05

Емисија во која ќе се навратиме назад во минатото за кое сведочат пронајдоците на рептилот птреуросаурс - пронајден во Австралија а потоа ќе се вратиме на сегашноста каде заедно со директорот на Дом на Млади - Видан Лазарев, ќе продискутираме за настанот од А до Штип и ќе продолжиме со други интересни факти..

Jun 15, 202351:47
На предавање со Стојче Читкушева Димитрова С01Е04

На предавање со Стојче Читкушева Димитрова С01Е04

Емисја во која ќе се запознаете со една млада пеачка која полека ја освојува македонската естрада тоа е Дина Јашари,ќе слушнете каде отишло наслетцвото на покојната Тина Тарнер ,која е најскапата течност на светот и други интересни факти.

Jun 14, 202338:31
На Предавање со Стојче Читкушева Димитрова С01Е03

На Предавање со Стојче Читкушева Димитрова С01Е03

Емисија во која ќе се запознаете со Chat GPТ со помош на професорот Доне Стојанов, зголемениот крвен притисок и ризиците кои тој ги носи, моќта на какаото, шеќерите во пивото и други интересни факти.

May 31, 202301:18:52
На предавање со Сандра Лазовска С01Е02

На предавање со Сандра Лазовска С01Е02

Добар ден почитувани слушатели, јас сум Сандра Лазовска студент на музичка академија при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Ќе се дружиме овој период од денот , но иако моето секојдневно опкружуваме е музиката денес нема да должам многу за неа.

May 30, 202332:52
На предавање со Сара Денкова С01Е01

На предавање со Сара Денкова С01Е01

Сара Денкова во оваа епизода зборува за студентскиот стандард со многу гости и интересни содржини. Слушајте и уживајте!

May 29, 202352:59
Валентина Дисоска 2

Валентина Дисоска 2

Валентина Дисоска e претседателка на Националната платформа на жени претриемачи

Mar 15, 202301:37
Валентина Дисоска

Валентина Дисоска

Валентина Дисоска – претседателка на Нациналната платформа на женско претприемништво

Mar 15, 202302:15
Дали „варање кафе“ е главна активност на студентската пракса во Македонија?

Дали „варање кафе“ е главна активност на студентската пракса во Македонија?

Од серијалот анкети кои ги спроведоа универзитетските медиуми на Универзитетот „Гоце Делчев“, едно прашање константно се провлекуваше – немаме доволно и немаме квалитетна практична настава.

Кога одиме на пракса само вариме кафе и не правиме ништо друго, вели еден од студентите во анкетата на Гоце.мк и УГД ФМ.

За волја на вистината проблемите со пракса се многу по изразени во медицинските и техничките науки, но и оние во општествените науки не се многу поразлични.

Feb 23, 202312:56
Кои се можните решенија за практичната настава?

Кои се можните решенија за практичната настава?

Професорката Веселинова предизвиците за практичната настава ги гледа во можноста студентите да реализираат симулации и пракса и во самите факултети. Ова е концепт кој веќе е познат на светски универзитети, а многу малку се применува на нашите универзитети. Ова значително може да го подобри искуството на студентите, вели Веселинова.

Feb 23, 202301:55
Проф. Веселнинова - Праксата треба да има длабочина и квалитет

Проф. Веселнинова - Праксата треба да има длабочина и квалитет

Професорката Елена Веселинова од Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ детектира одредени предизвици на практичната настава. Според неа има пракса, но треба таа да дава подлабоки знаење, наместо само површни и парцијални.

Feb 23, 202302:13
„Расте“ уметничкиот свет, мора да расте и уметничкото образование

„Расте“ уметничкиот свет, мора да расте и уметничкото образование

Шубо Ви е вас музичко си пеете свиркате секој ден"

„Имав искуство каде што по предмет што сум имала и добивала 1ви награди, професорка пред 40 студенти ме брука дека џабе им ги трошам парите на моите и дека сум глува и не слушам. Повеќе треба?😂😂😂“

Ова се само дел од карактеристичните одговори во анкетата за состојбите во уметничкото образование во Македонија, во која учествуваа студенти од музичките и ликовните академии, како и средношколци од уметничките училишта. Сепак, меѓу многуте одговори за потребата од пракса, инструменти, прилагодување на студиските програми на современите текови и потреби, потребата од поголемо присуство и учество на студентите и учениците на културни настани, еден одговор можеби дава најдобра насока за тоа што е секогаш потребно:

Feb 21, 202309:60
Не се проблем студиските програми, туку нивната доследна примена

Не се проблем студиските програми, туку нивната доследна примена

Техничките науки долги години ги следи епитетот на неатрактивност, најчесто на сметка на општествените науки, кај кои секогаш интересот за изучување е многу поголем. Трендот за иселување на младите се почувствува воопшто во сите области на образованието со недостаток и се помал број на ученици и средношколци, а нормално со поголема силина се манифестира токму кај техничките науки.

Во целата таа ситуација, сликата навидум ја подобрува големиот интерес за информатичките студиски програми, но тоа не го надоместува вакуумот кој го има кај инженерскиот кадар. Од година во година, бројот на запишани студенти на техничките факултети се намалува, а стопанството може и да дојде во ситуација да не може да го обезбеди потребниот кадар. Поради ваквите состојби, гоце.мк и универзитетските медиуми реализираа онлајн анкета меѓу студенти и средношколци за да се дознаат мислењата за причините за ваквите состојби.

Feb 08, 202312:18
Текстилниот отпад – од загадувач до суровина и производ со нова вредност

Текстилниот отпад – од загадувач до суровина и производ со нова вредност

Пернички, јорганчиња, лејзи бегови, но и парчиња облека кои доминираат и на модните писти…Во нив тешко ќе ги препознаете купиштата од текстилниот отпад, а сепак е таму.
Од проблем, од загадувач на околината, дел од текстилниот отпад се претвора во производ со нова вредност. Во недостаток на системско решение за текстилниот отпад, пионерски чекори во оваа насока прават невладиниот и високообразовниот сектор. Невладината организација „Фондација за развој на локалната заедница“ (ФРЛЗ) од Штип заедно со Технолошко техничкиот факултет на државниот универзитет „Гоце Делчев“  во пракса покажаа како текстилниот отпад наместо загадувач може да биде суровина и да се преработи.

Jan 31, 202313:52
Текстилен отпад - Суровина наместо загадувач - Сања Ристески

Текстилен отпад - Суровина наместо загадувач - Сања Ристески

Освен жените кои останале без работа од текстилните компании, свој ангажман во преработката на текстилниот отпад можат да најдат и други ранливи групи на граѓани. Затоа се работеше со сензитивни, ранливи групи на граѓани. Првата обука беше со Центарот „Порака“, се работеше со лица со посебни потреби, каде отпадот од текстилните компании да го редизајнираме во облик на маици, торби, несесери…

Jan 27, 202300:16
Праксата најголем предизвик за студентите и средношколците по медицина

Праксата најголем предизвик за студентите и средношколците по медицина

Практичната настава најмногу „настрадала“ како резултат на корона кризата кај студентите и средношколците по медицина. Ова го покажа истражувањетокое го спроведоа гоце.мк и УГД ФМ.

Од онлајн истражувањето кое беше поставено претходно дознавме дека повеќе од 50% од студенти и средношколци по медицина сметаат дека практичната настава е проблем на кој треба да се работи.

Dec 29, 202210:45
Стефан Мишовски 3- Претседател на СОМА

Стефан Мишовски 3- Претседател на СОМА

Стефан Мишовски 3- Претседател на СОМА 

Dec 29, 202200:43
проф. д-р Катарина Смилков

проф. д-р Катарина Смилков

проф. д-р Катарина Смилков

Dec 29, 202201:13
Сара Денкова - Претседателка на УСС

Сара Денкова - Претседателка на УСС

Сара Денкова - Претседателка на УСС

Dec 29, 202200:30
Подкаст Без Притисок: Д-р Стефан Петровски

Подкаст Без Притисок: Д-р Стефан Петровски

Д-р Стефан Петровски е гостин во најновото издание на подкастот Без Притисок на гоце.мк . Двајцата водители Симеон и Владимир ве водат низ разговорот со д-р Стефан каде зборуваат за хирургијата, а најчесто за карциномот на дојка.

Научете и споделете.

Dec 15, 202230:04
Подкаст Без Притисок: др. Борис Роглев

Подкаст Без Притисок: др. Борис Роглев

Почнува втората сезона на подкастот на гоце.мк Без притисок. Двајцата водители (и самите студенти по медиицна) имаат разговори со доктори и медицински лица.

Овојпат гостин е младиот и успешен доктор Борис Роглев.

Уживајте и споделете.

Nov 23, 202229:56
Како новинар може преку ноќ да стане „терорист“

Како новинар може преку ноќ да стане „терорист“

  • Не сум сигурен дали смеам да го користам вашето име?
  • Амм....
  • Ирина, тоа е вашето вистинско име нели?
  • Да, тоа е моето име.
  • Во ред ќе го користиме само името во ова интервју. Може?
  • Да. Може така.

Вака го започнавме разговорот со Ирина од Белорусија, долгогишна новинарка која денес, како и многу други свои колеги, не може да се врати дома. Владата во Белорусија од 2020 година протера или принуди на егзил преку 300 новинари од земјата. Сега Ирина и своите колеги се обидуваат вестите за Белорусија да ги пишуваат надвор од земјата. Со Ирина се сретнавме надвор од Белорусија, но за ова интервју не замоли да не снимаме видео, и да не ја откриваме локацијата каде е снимено интервјуто.

Nov 22, 202209:54
Истражување: Образованието во Македонија е дел од проблемот и дел од решението за иселувањето

Истражување: Образованието во Македонија е дел од проблемот и дел од решението за иселувањето

Гоце.мк заедно со УГД ФМ спроведоа онлајн анкета за иселувањето на младите и колку тоа е причина за некој млад човек да се одлучи да ја напушти државата. Резултатите од анкетата ги споредивме и со резултати од слични академски лонгитудинални истражувања. Двете истражувања покажуваат дека огромен дел од младите или веќе се иселиле или сакаат да се иселат. Со цел да дојдеме до одговори за причините за иселувањето анкетата на Гоце.мк и УГД ФМ таргетираше и веќе иселени млади луѓе.
Само 25% од младите одговориле дека не се иселиле, а само 5.2% дека не планираат, останатите или се иселиле или планираат.

Nov 21, 202215:56
На што се должи поскапувањето на струјата?

На што се должи поскапувањето на струјата?

Во 2021 година, светот доживеа глобална криза за електрична енергија, која се смета дека е една од најзагрижувачките во последните 50 години. Кризата најмногу се одрази на цените на електрична енергија, маслото и нафтата.

Sep 10, 202204:59
Бизнис интересите и лажните вести

Бизнис интересите и лажните вести

Проф. д-р Страшко Стојановски анализира која е улогата на бизнисите во креирањето на лажните вести во Македонија.

Aug 17, 202202:02
Какви видови на лажни вести постојат во Македонија?

Какви видови на лажни вести постојат во Македонија?

проф. д-р Страшко Стојановски од УГД Штип анализира какви видови на лажни вести постојат во државата

Aug 17, 202201:20
Интервју - Ренос Георгиу

Интервју - Ренос Георгиу

Според Ренос Георгиу, основач и директор на невладината NECI EU, младите во Македонија немаат доволно можности и ресурси поради недоволните финансиски средства, но и поради тоа што Македонија не е дел од Европската Унија.

Aug 08, 202216:18
Самохран татко

Самохран татко

Самохран татко кој побара да остане анонимен. 

Aug 07, 202202:30
Средношколци изработија мини болид на Формула 1 и се претставија во Лондон

Средношколци изработија мини болид на Формула 1 и се претставија во Лондон

Средношколци од средното училиште „Орце Николов“ се првиот македонски тим кој е дел од натпреварот  F1inSchools-Word finals  кој се одржа во Лондон. Станува збор за уникатен натпревар кој ги спојува науката, технологијата и спортот. Идејата е креација на мини тркачки болиди кои ќе симулираат тим на Формула 1.

Дизајнот на Ф1 мини болидот беше навистина долг и тежок процес, особено за млади личности како нас. Најпрвин, јас цртав скица на лист хартија, која понатаму Калин во 3Д софтверот „Autodesk Maya“ ја претвораше во вистински 3Д модел.
Следен чекор беше неговото тестирање во CFD софтвер кој детално ни го прикажуваше однесувањето на болидот при брзина приближна на 20m/s.
Последен чекор беше изработка на CNC машина, при која внимаваме моделот да биде прецизно изработен, со цел да се запазат перформансите.
Следното тестирање го вршевме на изработениот модел во воздушен тунел во лабораторијата за механика на флуиди под водство на проф. Виктор Илиев.
Финалното тестирање беше спроведено на вистинска патека со цел да видиме дали се крши количката или не,
вели Мирослав.

Тимот на млади ентузијасти се вратија со големо искуство. Се надеваат дека следната година ќе се вратат и со награда. Тимот е составен од Марио Блажевски Блажевски, Мирослав Мишоски, Калин Јовановски и Мила Перинска и Никола Мишоски. Приказната за Гоце.мк ја раскажа Мирослав Мишоски. Младите дечки собрале тим, се обратиле кај професори од Машински факултет, собрале средства и достоинствено ја претставиле Македонија во Лондон. 

Слушнете го интервјуто и уживајте. Браво дечки.


Aug 03, 202208:30
Лажните вести најавуваа до 200.000 мигранти, во Македонија влегле 3.800, а побарале азил само 386

Лажните вести најавуваа до 200.000 мигранти, во Македонија влегле 3.800, а побарале азил само 386

Мигрантите, оние 200.000, не се населија во Македонија - транзитираат во потрага по подобар живот и слобода. Само 386 побарале азил во последните три години.

Jul 28, 202208:38
Интервју со Гоце САФ

Интервју со Гоце САФ

Гоце САФ: Сите тврдат дека нашиот јазик не е наш, ама никој не ги разбира нашите МС-а во странство

Еден од најпознатите македонски Дј-и Гоце САФ имаше своја работилница со млади луѓе во Домот на младите во Штип. После работилницата младите имаа можност да уживаат во неколку часовен музички сет.

Во специјално интервју за Гоце.мк  Гоце САФ зборува за работилницата, за музиката за сцената, но и за политиката. Вели дека секој хип хопер треба да е контра власта и критика на политиката. Има одличен совет за младите – терајте инат!

Jul 21, 202209:11
Летна поезија: Јован Котески – „Ана“

Летна поезија: Јован Котески – „Ана“

Јован Котески е уште еден поет во плејадата македонски современи поети кои оставаат траен белег во македонската книжевна историја. Неговата „Ана“ преку призмата на интерпретација на нашата Маријана.

Уживајте и кажете која следна песна сакате да ја претвориме во „Летна поезија“ на гоце.мк

Jul 18, 202201:46
Без Притисок 02 Професор Рубин Гулабоски

Без Притисок 02 Професор Рубин Гулабоски

Во втората епизода на Без притисок, скоро идеален притисок 140/90. Дискутиравме за науката, условите во Македонија и за условите кои ги имаат новите научници. Слушајте и гледајте го професорот Рубин Гулабоски од Факултетот за медицински науки на УГД заедно со вашите двајца водители – Симон и Владимир.

Jul 15, 202201:05:01
Без Притисок Д-р Џенгис Јашар

Без Притисок Д-р Џенгис Јашар

Во најновото издание на подкастот Без Притисок Владимир и Симеон разговараат со својот професор по патологија Д-р Џенгис Јашар. Тие зборуваат за неговите студентски денови, за испитните прашања, за студентскиот живот и секако, за специјалноста на д-р Јашар.

Jul 15, 202201:31:00
Истражување: Стравови постојат, но настанале поради дезинфомациите за вакцините

Истражување: Стравови постојат, но настанале поради дезинфомациите за вакцините

Преку онлајн анкетите во Северна Македонија и Босна и Херцеговина дознавме кои се најчестите стравови кај младите кога е во прашање вакцинацијата против коронавирусот.

Меѓу младите од БиХ на возраст од 13 до 37 години, 47% не се вакцинирани. Најголем процент, дури 21,1 %, не се вакцинирани бидејќи стравуваат за своето здравје после вакцинирањето.

Mar 21, 202220:54
Како да напишете добра семинарска работа?

Како да напишете добра семинарска работа?

Многу од студентите, особено бруцошите се во дилема кога станува збор за пишување на семинарска работа. Затоа, Гоце.мк се погрижи да ги добие потребните информации за она како треба да изгледа една добра семинарска работа за добивање на максимум поени.

Mar 16, 202205:15
Истражување: Од што се плашат младите и дали се вакцинираат против Ковид 19?

Истражување: Од што се плашат младите и дали се вакцинираат против Ковид 19?

Првиот случај на непознатиот вирус се појави во декември 2019 година во Кина. Почетокот на 2020 стигна во Европа. Тоа беше Ковид 19.

Научната заедница и експертите веднаш почнаа да работат на развивање на вакцини кои можат да ги намалат симптомите на вирусот или стапката на смртност. После неколкумесечно тестирање, Маргарет Кинан од Ковентри е првата на светот која прими прва доза од вакцина против Ковид 19. Тоа се случи во декември 2020 година. Првичната среќа и задоволство поради откривањето на вакцината, со што се гледаше почетокот на крајот на пандемијата, набрзо беа заменети со недоверба и страв.

Се појавија на неквалификувани експерти кои тврдеа дека вакцината е опасна, дека предизвикува неплодност, дека во неа се кријат чипови за следење. Медиумите водени од сензационализмот и „ексклузивитетот“ дадоа придонес во ширење на општ страв и збунетост.

Mar 07, 202217:41
Без Притисок С1Е1 - Д-р Александар Стојменов за сите вистини за здрав живот и фитнес
Mar 02, 202201:28:02
Сведоштво: Kако поради Ковид ја изгубив работата и не можев да им се посветам на моите две деца ?

Сведоштво: Kако поради Ковид ја изгубив работата и не можев да им се посветам на моите две деца ?

За време на Ковид пандемијата , иако со две малолетни деца , не успеав  да си го остварам  правото за минимална плата и да бидам  дома со најмилите, вака ја почнува својата несреќна приказна мајката Бисера Кафтанова, од Штип, која останала без работа за време на актуелната Ковид пандемија. Објаснува дека маневарот на текстилната фабрика во која работела, ја чинел скапо – да остане без ангажман.

Feb 02, 202205:41
Везилка - Блаже Конески

Везилка - Блаже Конески

Рецитира : Маријана Николовска
Dec 19, 202102:20
Пророкот Достоевски

Пророкот Достоевски

Пишува проф. Д-р Трајче Стојанов 


Деновиве се навршуваат 200 години од раѓањето на еден од најголемите руски, но и светски писатели Фјодор Михајлович Достоевски. Роден е 1821 година во Москва, во не многу имотно и секако не многу среќно семејство. Мајка му рано починала од туберкулоза. Татко му, инаку доктор бил насилен алкохоличар, кому Достоевски цел живот не му простил. Во еден од неговите романи има мотив на таткоубиство, а творецот на психоанализата З. Фројд, дури и пишува студија насловена „Достоевски и таткоубиството“, расветлувајќи ги психолошките механизми кои стојат зад книжевникот и неговата книжевност.

Nov 15, 202104:09
Георгиев: Сексуалното вознемирување и насилство може да доведе до сериозни психолошки последици

Георгиев: Сексуалното вознемирување и насилство може да доведе до сериозни психолошки последици

За жал, сексуалното вознемирување е сѐ почеста појава. Независно дали станува збор за маж или жена, се чини дека тоа е присутно насекаде, од улиците па сѐ до работни места и универзитетски простории, статистичките податоци се застрашувачки. Според светски статистики, 97% од населението барем еднаш во животот се соочиле со некаков вид сексуално вознемирување. За тоа како да се препознаат формите на сексуално вознемирување и какви психолошки последици може да остават, разговаравме со Иван Георгиев, дипломиран психолог.

Nov 15, 202105:26
Што претставува АДХД и како да го препознаеме кај децата?

Што претставува АДХД и како да го препознаеме кај децата?

Октомври е месец за кревање свест за заболувањето АДХД што претставува дефицит на внимание и нарушување на хиперактивноста. АДХД се дефинира како состојба со многу висок степен на моторна активност како манифестација на многу висока ментална активност. Нешто повеќе за симптомите и дијагностиката ни кажа психологот проф. Ана Чучкова.

Oct 24, 202104:16