#CelebrateLifePodcast

#CelebrateLifePodcast

By indog
Podcast about everything that surround me... City life, Human rights, Cool people, New way of thinking, Progressive mindset, Humanity
Where to listen
Apple Podcasts Logo
Breaker Logo
Google Podcasts Logo
Overcast Logo
Pocket Casts Logo
RadioPublic Logo
Spotify Logo
Currently playing episode

Себе изолација / Интро

#CelebrateLifePodcast

Go to next audioGo to next audio
Go to prev audioGo to prev audio
1x
Young Dadi
Изминатиов месец се појавија неколку супер изданија кои што дефинитивно ми го земаа вниманието меѓутоа Боенка е ептен посебен проект и нешто што не сум слушнал кај нас. Lofi и DIY звукот навистина е многу актуелен последниве години. Yound Dadi звучи искрено и емотивно и музички ослободено од се. Во #CelebrateLifePodcast EP 22 гостин ми е Yong Dadi (Давид Даниловски) кој што официјално е активен на сцената последнава година, а активно се занимава од свои 14 години. Тој е од новата генерација Sound cloud артисти (платформа која што во светки рамки е во популарност кај многу артисти). Осамен и Пина колада се песните со кои што предизвика ептен внимание во јавноста, а на подкаст муабетот ни откри и повеќе за неговиот нов сингл и видео насловено како Sunset. Артист кој што допрва има што да каже! Слушнете го: Spotify: https://open.spotify.com/artist/2CGvAUieb36608d4zDaBKq?si=_VMtsBLiRBOK1GgbfZucYA Deezer: http://www.deezer.com/artist/90190512 Soundcloud: https://soundcloud.com/youngdadi YouTube: https://www.youtube.com/playlist?list=PLgF22bOTJztmdfVlkfuBiFIEkiqgaKGJO
1:13:47
June 22, 2020
Матеј Фолц
Матеј Фолц започнува да се занимава со музика на 16 години и публиката го запозна со песната ,,Следен Пат” заедно со Шишка од ЗиБомб, но неговиот вистински exposure и распознавање како артист го има со песната ,,Геноцид''. Тој е од новата генерација музичари кој што експериментира и не се плаши да пробува нови стилови во неговата музика која што е препознатлива нејзината свежина и навистина се распознава од се останато кај нас.  Пред краток период го објави синглот ,,Мимика на среќа” кој што беше ултимативен хит и сеуште е, а неодамна ја објави и песната соработка со Дупер ,,Сменета”. Покрај музиката се занимава со дизајн и илустрација. Проверете го: https://soundcloud.com/matej-foltz
43:44
June 5, 2020
Бистра Георгиева
Бистра Георгиева е социолог и повеќе од 10 години работи на телевизиски и филмски проекти. Моментално работи како претставник на Креативна Европа МЕДИА-програма за финансиска поддршка на аудиовизуелниот сектор. Таа е и писател за деца. Нејзините две сликовници „Ото, ото и Ото“ и „Џиновска продавница за фантазии“ ги создаде во соработка со една од најпознататие шпански илустраторки Моника Каретеро. 
46:27
June 1, 2020
Frozen Time Drops
Девојките од Frozen Times Drops - Софи и Ангела, две другарки што делат иста страст - фотографија и видео. Ангела студира илустрација а, Софи студира италијански јазик и книжевност. Кога не се на факултет претежно работат на видео спотови, фотографии од журки и мислат на кој нов начин да го покажат она што им лежи на душа. Под името Frozen Time Drops започнуваат со работа во 2017, точно оној момент кога Ангела се сели во Љубљана и од тогаш нивното пријателството станува платно на кое се создаваат сите нивни проекти. Интересно е што и на двете Скопје им е омилен град и не би го замениле за ништо! Проверете ја нивната работа: http://www.frozentimedrops.mk
49:16
May 26, 2020
Гого Славески
Во недела на менталното здравје многу ми е драго што имав супер соговорник fighter во секоја смисла! Во 18 епизода на #CelebrateLifePodcast ќе имате прилика да чуете каков е животот на професионален боксер. Гого Славевски живее во Мајами и од 16 години е целосно посветен на овој спорт. Има зад себе 6 професионални борби и годинава почнува да соработува со тренерот Rubio кој што е докажан и професионален Hall of Famers. Желба му е да ја претставува Македонија на Олимпијада.
44:27
May 20, 2020
Тања Fish Рибарска
Тања е монтажерка која што неуморно трага по сите форми и медиуми и не може да се класифицира што е нејзината најголема пасија дали фотографија, музика или пак филм. За себе вели дека е интроверт меѓутоа јас мислам дека совршено тоа го хендла за да си остане среќна во својот внатрешен свет! Од кога започна глобалниот lock down и напливот на креативна енергија од секаде таа започна со споделување на нејзината аудио поезија која што е дел од нејзе со години меѓутоа многу ретко сме имале прилика да ја слушнеме како твори. Проверете ја Little Fish: www.soundcloud.com/tanya-fish ; www.facebook.com/Fisherajska
44:14
May 16, 2020
Марко Стојковски
Марко Стојковски е DIY промотер и издавач од Куманово, кој стои позади Boiling Point и KRAN Records. Од 2007ма до сега има организирано преку 200 концерти на бендови од 5 континенти и 10тина турнеи. Со KRAN Records od 2010 наваму има околу 20тина изданија на винили, цедеа, касети и дигитално. Покрај ова, има учествувано во други DIY иницијативи и организации како: Здружение КРАН, Алтернативен културен центар Бинго, Берза на винили Куманово, Иницијатива за 3Д принтање на медицинска опрема, како и во разни фанзини, вебзини и портали (2-3 Листа, Last Breath, Helly Cherry, критика.мк...).  https://kranrecords.bandcamp.com
1:06:25
May 14, 2020
Михаил П
Михаил Петровски е дј и продуцент од Виница кој што има специфичен израз кон електронската музика. Иако на неговите изданија преовладува техно и хаус музика тој воопшто не се ограничува жанровски. До сега има издадено над 10 плочи каде што има соло изданија и соработка со разни артисти. Секоја трет вторник во месецот има своја резиденција на радио станицата: http://www.timeline-music.co.uk и неодамна го издаде и својот прв амбиент албум во ера на ковид19. Дефинитивно артист кој што ќе не изненадува во иднина. Проверете го: https://soundcloud.com/mihailpetrovski ; https://mihailp.bandcamp.com/
45:37
May 3, 2020
Мите Кузевски
Мите Кузевски е извршен директор на Фондацијата за дебата и образование ИДЕА Југоисточна Европа и основач на ВидиВака. Образовната позадина на Кузевски е во новинарството, но ја поминува последната деценија во комбинирање нови и традиционални медиуми. Работи како консултант за стратегии за комуникација и социјални медиуми за многу меѓународни невладини организации и компании. Кузевски е основач на Центарот за нови медиуми, првата невладина организација во Македонија која ги промовира новите медиуми и нивната употреба. Ја основа и 140.mk – интернет страница на заедницата за корисниците на Твитер од Македонија и hash stats – интернет страница за креирање на инфографици од специфични хаштази. Спроведува обуки за визуелно раскажување приказни на активисти од Балканот и целиот свет, како и обуки за дигитален активизам за невладини организации и активисти.
1:11:32
May 2, 2020
Шеф Олег
Шеф Олег Забазновски е школуван и дипломиран во областа за Гастрономија и кулинарство. Зад себе има 12 месечно искуство работејќи во Мишелински ресторани во Билбао и Барселона. Неговиот пристап кон храната секогаш му отвара простор за нови експерименти и вкусови. Follow: www.instagram.com/chef_shimeloloco 
30:07
April 26, 2020
Lukas Pomatski
Лука Кантарџиев, познат како Lux Kmala или Lukas Pomatski, е продуцент/артист во колективот Dope Kukjata. Тој го носи новиот бран на алтернативна музика (пост-рап) во регионот. Зад себе тој има 3 албуми (Inklingz –Tesseract, Dope Kukjata – 3018, Lux Kmala- Adam e gej, Eva ne e nevina) и штотуку го издаде својот нов албум насловен ,,Sam Doma”. Овој проект на Лука претставува склоп на повеќе артисти со кои, за време на вонредната состојба, креирше целосен албум во период од 2 недели.
37:02
April 22, 2020
Leana Thaqi
Леана Таќи: активистка, пејачка, а и првата девојка кај нас која што има завршено Ајронмен триатлон трка. Цело време си задава некакви предизвици и мора да создава нешто. Борец за еднакво општество и човек што верува дека најголемиот предизвик е да се запознаеш самиот себе.
44:02
April 20, 2020
Irie Scratch
Irie Scratch е предводникот на новата генерација диџеи во Македонија, член на Sure Shotz и еден од основачите на TRAP DA FUCK UP. Иако сеуште млад, по 10 години на сцената има големо интернационално искуство, 7 сезони летна резиденција на Иос (Грција) и 2 настапи на Exit Festival. Тој е еден од првите диџеи што го донесе новиот хип-хоп звук тука, а неговиот проект TDFU е основата на трап сцената во државата. Постојано промовира нова музика и соработува со артисти и диџеи од различни жанрови, и е познат по своите енергични настапи полни со позитивна енергија.
51:56
April 18, 2020
Марио Јовановски
Марио Јовановски е персонален фитнес тренер и модел со повеќе годишно искуство во областа на фитнесот, тежинскиот тренинг, правилниот начин на исхрана и спортските суплементи (додатоците во исхрана). Инспириран од своето лично искуство, прогрес и трансформација низ годините на своето тело и здравје токму поради фитнес животниот стил, неговата пасија е промовирање, едуцирање и кревањето на свеста за и околу бенефитите на фитнесот, здравата исхрана и редовната физичка активност независно од полот, возраста и животниот стил.
45:35
April 16, 2020
Радмила Живановиќ
Радмила Живановиќ - лиценциран психолог- психотерапевт (EAGT/ECP), кариерен советник (GCDF), магистер по комуникации. Активен член на управен одбор на Комора на психолози и организатор на дел од програмите за унапредување и промоција на професијата и приватна пракса, меѓу кои и Денови на Психологија, платформа за психолошки активизам во однос на унапредување на менталното здравје. Својата психотераписка пракса ја спроведува во рамките на Психотерапика преку која негува и развива интегративен пристап во програмите за психоедукација, психотерапија и советување. Учествувала и организирала многубројни јавни, медиумски и конференциски презентации и психоедукации поврзани со развојот на менталното здравје на граѓаните, со акцент на деца, млади и нивните семејства. Во моментов, ја организира и координира психоедукативната рубрика #ПрашајПсихолог на порталот deca.mk, и рубриката #ШтоТиТежи на РадиоМоф, заедно со тим на колеги психолози-психотерапевти.
43:32
April 12, 2020
Андреа Угриноска
Андреа Угриноска од Скопје, моментално базирана во Лондон, е дипломиран психолог по струка, но по шарената револуција станува по активна во студентските движења и невладиниот сектор, и развива страст за меѓународна политика. Андреа е од неодамна избрана за заседавач на комитетот на млади при Советот на Европа – за прв пат во историјата оваа позиција да му припаѓа на некој од Македонија. Истовремено е основач на Советот на Човекови Права, кој претставува прогресивна платформа за соработка помеѓу Либерално Демократската Партија и невладиниот сектор на тематики од заеднички интерес.
40:13
April 11, 2020
Драгана Гунин
Драгана Гунин е психолог и театарска режисерка која што и двата правци ги спојува во еден правец кој што го нарекува интегративен театар. Дел е од независната сцена и работи со деца и тинејџери и држи чассови по глума. Активистка со опус на рамноправност во професиите.
40:35
April 10, 2020
Андреј Петровски
Андреј Петровски е магистер по дигитална форензика и во моментов е Tech директор во Фондацијата Share (sharefoundation.info). Тој го предводи тимот за итни случаи - SHARE CERT каде што им помага на медиумите и новинарите да ги знаат своите права во однос на cyber напади и приватност на интернет како и заштита на податоците. Исто така работи на Open Data и Copyright проекти, а во оваа епизода од него слушнавме како да му помогнеме на интернетот деновиве.
43:03
April 8, 2020
Саша Павловић - Фрешко
Саша Павловић - Фрешко музички новинар и музичар и човекот кој што им помогнал на многу бендови да излезат во јавност и одговорен за првиот современ фестивал каде што за прв пат доаѓаат сериозни музичари како The prodigy, Dog eat dog, Renegade Soundwave итн.. Горд сопственик на зборот: Неоненормализам
58:27
April 2, 2020
МајкатаКата
МајкатаКата е сертифициран инструктор за Baby Led Weaning, метод на дохрана кај бебиња, која својата енергија како љубител на подиумот, својствено ја пренасочи кон нов фокус и пасија.
36:21
March 31, 2020
Милош Б Андоновски
Милош е режисер и автор на програмата Театар за сите, која од оваа година е официјално едукативна програма на Пресврт, театарска група на која истовремено е и основач.
25:22
March 25, 2020
Себе изолација / Интро
Краток опис за подкастот и моментална состојба на себе изолација во Скопје
06:38
March 24, 2020