Skip to main content
Антониј П.

Антониј П.

By Свештеник А. Петрушевски
Православие Живот Црква
Listen on
Where to listen
Google Podcasts Logo

Google Podcasts

Pocket Casts Logo

Pocket Casts

RadioPublic Logo

RadioPublic

Spotify Logo

Spotify

Currently playing episode

Сеопштиот, последен Божји Суд

Антониј П.

1x
Тајната на Бог Пресвета Троица
Христијаните веруваат во Бог Троица - Отец, Син и Свети Дух.  Троица не е три Богови, туку еден Бог во три ипостаси, т.е. три самостојни личносни постоења... Превод од: митрополит Иларион (Алфеев) Таинство веры. https://bit.ly/343Q1UX
11:56
January 25, 2022
Недела на светите отци
Претпоследната и последната Недела пред празникот на Рождеството Христово се нарекуваат: Недела на светите праотци и Недела на светите отци...
08:35
January 02, 2022
Чувствувањето на гревот и надежта во Бога
- По греовопадот на прародителите, човекот, сакајќи да го игнорира Бога, потонал во сопственото незнаење и немоќ. Заради тоа на вратите на православниот духовен живот се испишани зборовите: „Познај се себе.“ - Човекот треба да ја возвиши својата слобода и да ја зголеми својата одговорност, да тргне од себе кон надминување на животниот безизлез, на пустелијата на светот и на парадоксот на историјата. - Најдлабоката смисла на самопознанието е чувствувањето на гревот. „Мугра и почеток на спасението на душата е спознавањето и разбирањето на извршените гревови.” - „Оној што ги познал слабостите на човечката природа, го примил искуството од Божјата сила.” - „Гревот и злото не доаѓаат од надворешна извалканост, туку од внатрешниот неуспех, од изопаченоста на волјата. Доследно на тоа, гревот се победува само со внатрешна измена и промена, а покајанието, пак, го добива печатот од благодатта во Светите Тајни.”
13:01
December 28, 2021
Светата Тајна Крштение
Што е тоа Свето Крштение? - Приватна, фамилијарна свеченост или духовен настан - повторно раѓање преку вода и Дух, врата низ која крштеваниот влегува во животот на Црквата, т.е. станува член на Телото Христово! Објаснување на значењето на чинот со извадоци од молитвите на крштевањето. За оние што ќе се крстат и за оние што се крстени...
18:60
October 24, 2021
Светите Тајни на Црквата. Вовед.
Таинства т.е. Свети Тајни во Црквата се нарекуваат свештенодејствата во коишто се случува средба на Бог со човекот, односно човекот се соединува со Бог толку, колку што тоа е можно во условите на земскиот живот. Во Светите Тајни божјата благодат слегува врз нас и ја осветува целата наша природа - ги соединува со божествената природа и душата и телото на човекот.
07:11
October 24, 2021
Богатиот улов на риби (Лука V гл., 1-11)
вангелие според Лука 17 зачало (V гл., 1-11) 5:1-11 1. Еднаш, кога народот се притискаше кон Него за да го чуе словото Божјо, Он стоеше покрај Генисаретското Езеро. 2. Тогаш виде два кораба, што стоеја покрај езерото; а рибарите, излегле од нив, си ги плавеа мрежите, 3. Како влезе во еден од корабите, кој беше на Симона, го замоли да се оддалечи малку од брегот, па седна и го поучуваше народот од коработ. 4. А штом престана да говори, му рече на Симона: „Заплови во подлабоко и фрлете ги мрежите свои за лов!” 5. Но Симон Му одговори и рече: „Наставниче, цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме; но по Твоја волја ќе ја фрлам мрежата.” 6. И штом го направија тоа, тие уловија голема количина риба, та дури и мрежата им се скина. 7. Им дадоа знак на другарите, што беа во другиот кораб, да дојдат и да им помогнат; и тие дојдоа и ги наполнија и двата кораба така, што за малку ќе потонеа. 8. А кога го виде тоа, Симон Петар падна пред нозете Исусови и Му рече: „Оди си од мене, Господи, оти сум човек грешен!” 9. Зашто беше влегол страв во него, и во сите што беа со него, од тој лов на риби, што ги уловија; 10. а исто така и во Јакова и Јована, синовите Зеведееви, кои му беа другари на Симона. И му рече Исус на Симона: Не бој се! Отсега ќе ловиш луѓе!” 11. Кога ги извлекоа двата кораба на суво, оставија сe и тргнаа по Него.
22:02
October 24, 2021
Етичките проблеми на сексологијата и на сексопатологијата
...Состојбата на современата сексологија сведочи, дека прашањето за нормата и патологијата на човековата сексуалност на нивото на медицинската практика непосредно е поврзано со етичко-светогледниот контекст на културата. Надминувајќи го отпорот на тој контекст, медицинската наука се обидува да ја измени смислата на човечката сексуалност...
16:30
July 19, 2021
Зошто некои не го сакаат Воскресението?
...Не мора да бараме далеку или да правиме посебна студија за да разбереме дека денешното општество, дури и номинално „христијанското“ општество, воопшто не е приемчиво за Воскресението на Исус Христос. Само еден поглед околу нас е доволен да согледаме дека многу луѓе се приврзаници на епикурејскиот материјализам, на догмата: „Јадете, пијте и веселете се, зашто утре ќе умреме.“... https://pemptousia.com/.../we-dont-want-the-resurrection-2/
06:37
May 15, 2021
Простување - зошто и како?
Простувањето е вистински продор на Небесното Царство во овој паднат свет. Простувањето е помирување, повторно соединување и враќање на радоста на животот. Пораката на Проштална недела, на Прочка, е да си простиме еден на друг и со отворени срца да стапиме на патот кон Воскресението, кон новиот живот кој ќе го живееме со силата и со животот на Живиот Бог.
07:01
March 14, 2021
Покајание и Исповед. Зошто и како да се исповедаме?
Кога правиме грев, ја изневеруваме својата вистинска човечка природа што била обновена во нас со Крштевањето и Миропомазанието. Единствено покајанието може да нѐ врати во состојбата од која сме се лишиле...
12:09
March 10, 2021
Сеопштиот, последен Божји Суд
Секој од нас ќе умре, но никој нема да исчезне. Кај Бога ништо не исчезнува, неговиот збор излегува, но не изминува. Бог сѐ создал да постои (Прем. 1, 14), и тоа го создал не за некое (определено) време, туку засекогаш. Св. Апостол Павле вели: „На луѓето им е одредено еднаш да умрат, а потоа суд“ (Евр 9, 27). Но, Божјиот Суд, не е сличен со човековиот Суд...
14:02
March 07, 2021
Светата Литургија - за трезвеност на душата
Светата Литургија е најголемото дело што човек може да го изврши, најголемата чест, најголемата привилегија што Бог му ја дал на човек, имено, да се причести со Светите Тајни - Христовото Тело и Неговата Крв. Сo една од молитвите на Светата Литургија свештеникот се моли: „Да им бидат (Светите Дарови) на тие што се причестуват: за трезвеност на душата, за простуване на гревовите, за заедница со Светиот Дух, за наследување на царството небесно, за смелост кон Тебе, а не за суд или за осудување.” Ќе ги прокоментираме тие изрази поединечно... Оваа емисија со видео: https://www.facebook.com/tavor.koe/videos/558227695095006
25:56
March 02, 2021
Црковното учење за Светата Тајна Евхаристија
Што претставува Светата Тајна Евхаристија? Православната Црква светата тајна Евхаристија ја извршува преку Божествената Литургија. Таа, секако, е повеќе од обред кој се состои од пропишани свештенодејства  или црковни песни, пеени според пропишан редослед. Оваа света тајна најтесно е поврзана со значењето на самиот поим “христијанин”, т.е. “член на Православната Црква.”
10:04
March 01, 2021
Литургијата не е интелектуално доживување, туку благодатен настан
За време на Светата Литургија свештеникот тивко ја чита молитвата на првиот антифон: Господи, Боже наш, чијашто власт е неискажлива и слава недостижна, чијашто милост е неизмерна и човекољубие неизречено; Самиот Ти, Владико, според Твоето милосрдие, погледни на нас и на овој свет храм, и покажи ги на нас и на овие што се молат со нас, Твоите богати милости и Твоите штедрости. Што и да кажеме за Бога, не можеме да изразимe сè. Ништо не може да го изрази Бога. Апсолутно ништо. Затоа велиме, дека Бог е благ, човекољубив, милосрден и набројуваме уште многу други описи, но истовремено, Бог не е ни сето тоа заедно, зашто Тој не може да биде ограничен во една дефиниција. Бог е и не е. Тој е добар и не е добар, зашто е над поимот за добро, Бог не може да се ограничи во еден поим. Затоа, славата и присуството на Бога се недостижни, неизмерливи и неискажани. Tоа големо и неизразливо Божјо присуство, сепак, се доживува во срцето на човекот. Секој – од доенче до старец – може да го доживее Божјото присуство. Затоа, во Црквата не исклучуваме никого. Светата Литургија не е интелектуално доживување.
11:18
February 27, 2021