Skip to main content
Културен Подкаст

Културен Подкаст

By Sara Anastasovska

Аудио подкаст кој има за цел да сподели приказни од и за уметноста, приказни кои на слушателите ќе им овозможат да откријат многу нови лица од областа на уметноста и културата, да ги слушнат нивните интересни и уникатни искуства и ставови.
Currently playing episode

ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,АЛО! АЛО!’’

Културен ПодкастJan 15, 2024

00:00
06:25
ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,АЛО! АЛО!’’

ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,АЛО! АЛО!’’

Магијата на театарот почнува да дејствува кога публиката ќе се поистовети со ликовите на сцената, кога ќе стекне доверба во ликот на актерот и кога мислите ќе почнат да го следат дејството на замислениот текст од драматургот и играта на актерите. Тогаш се доживува вистинско театарско искуство, тогаш публиката излегува од реалниот свет и се внесува во имагинарниот, но жив свет на сцената. Таков е ефект постигнува претставата ,,Ало! Ало!’’ во режија на Синиша Ефтимов во Театар Комедија. “ - Тони Димков за претставата ,,Ало! Ало!’’
Jan 15, 202406:25
ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ФИРМА’’

ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ФИРМА’’

,,Претставата ги акцентира ефектите на капитализмот и како таква на гледачот му овозможува да погледне внатре во себеси и да направи ретроспекција на сопствениот живот. Поистоветување со некој од ликовите во претставата е пожелно, бидејќи на тој начин побрзо ќе ги сфати сопствените заблуди и ќе има можност порано да размислува како да се ослободи од канџите на капиталистичките односи и релации во сопствениот живот.’’ - Тони Димков за претставата ,,Фирма’’. Слушнете ја целата рецензија и откријте повеќе!
Nov 14, 202307:12
ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ЛЕНА И ВЛАДИМИР’’

ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ЛЕНА И ВЛАДИМИР’’

,,Со сценарио зад кое стои вештата рака на Александар Русјаков, овој филм во македонско – српска продукција претставува своевидна модерна балканска бајка која намерно или ненамерно кокетира со архетипски концепти, носејќи на филмското платно нешто оригинално и досега невидено, барем кога зборуваме за овие простори, а можеби и пошироко.’’ - Евгенија Арсова за филмот ,,Лена и Владимир’’. Слушнете ја целата рецензија и откријте повеќе!
Nov 06, 202311:20
СТЕФАН ПАЛИТОВ - ЗА ИДНИНАТА НА ФИЛМОТ

СТЕФАН ПАЛИТОВ - ЗА ИДНИНАТА НА ФИЛМОТ

Во оваа епизода зборуваме за иднината на филмот заедно со Стефан Палитов.

Зборуваме за новите технологии на вештачката интелигенција кои се појавија во почетокот на 2023тата година и за тоа како истите влијаат и ќе влијаат врз филмската индустрија.

Дали можеме да предвидиме до каде ќе оди оваа промена? Како ќе изгледа снимање на филм за 50 години од сега? Дали режисерите и сценаристите сеуште сами ќе ги пишуваат сценаријата или Chat GPT ќе ги пишува наместо нив?

Дали во филмовите ќе играат вистинските актерски ѕвезди или пак нивните ликови и експресии ќе бидат генерирани по пат на вештачка интелигенција?

Слушнете ја целата епизода, откријте повеќе и уживајте!
Nov 03, 202333:45
ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ТЕ ДУА ЖИМИ МЕНЕ’’

ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ТЕ ДУА ЖИМИ МЕНЕ’’

Слушнете ја целата рецензија и откријте повеќе!
Oct 30, 202320:14
ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,БИЗНИСОТ НА ЗАДОВОЛСТВОТО’’

ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,БИЗНИСОТ НА ЗАДОВОЛСТВОТО’’

,,Режисерот како да се бори со сопствената визија да разработи ваква сензитивна тема (трговија со жени) и со неговата тенденција филмот да изгледа како холивудски трилер. Тука лежи неговото најголемо потфрлување. Македонија не е САД. Класичните потези како цивили кои ја земаат правдата во свои раце, па користењето на различни гаџети ала Џејмс Бонд и ноншалантните обиди ликовите да се инфилтрираат во криминалната организација не го задоволуваат ефектот кој режисерот најверојатно сакал да го постигне.’’ - Петра Бранковска.
,,Сметам дека актерите беа феноменални. Одлична изведба од сечија страна.
Слаѓана како глава на актерската екипа покажува колку е всушност таа квалитетен актер. Веќе утврдивме дека во поглед на сценариото, ликовите се плитко изградени, но и покрај тоа Слаѓана успева да се соживее со својот лик и дава најмногу што може во она што значи да се биде Елени и дава да ја има барем таа тројка од можната тридемензионалност на еден лик. ‘’ - Евгенија Арсова. Слушнете ја целата рецензија и откријте повеќе!
Oct 27, 202325:46
ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ИВАНОВ’’

ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ИВАНОВ’’

,,Судбината на Иванов ќе ве замисли, но претставата нема да ви даде одговори, туку ќе ве упати да ги барате во длабочината на сопствената душа и да реобмислувате некои од сопствените чувства, доживувања и постапки што сте ги направиле во животот.’’ - Тони Димков за претставата ,,Иванов’’ која се игра во Македонски Народен Театар. Слушнете ја целата рецензија за претставата и откријте повеќе!
Oct 23, 202310:53
ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,КАФЕЗ КАЈ КОКОНИ’’

ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,КАФЕЗ КАЈ КОКОНИ’’

,,Во таа смисла претставата „Кафез кај Кокони“ во Драмски театар дава придонес во прифаќањето на луѓето со поинакви родови идентитети. Пораките во претставата се пренесени со истенчен вкус, со комични ситуации кои расположуваат и забавуваат, со одлична игра и трансформација на актерите и со храброст да се зборува за теми кои општеството го делат на либерално и конзервативно. Акцентот во претставата е ставен на потребата за љубов, независно дали таа се раѓа во услови на хомо или хетеросексуални релации, меѓу брачни сопружници, или пак, станува збор за љубов кон своите блиски.’’ - Тони Димков за претставата ,,Кафез кај којони’’. Слушнете ја целата рецензија и откријте повеќе!

Oct 16, 202309:09
ВАРДАН ТОЗИЈА - ЗА ФИЛМОТ ,,М’’

ВАРДАН ТОЗИЈА - ЗА ФИЛМОТ ,,М’’

Во оваа епизода разговараме со режисерот Вардан Тозија за неговиот нов долгометражен филм “М“. За инспирацијата, за пробите, за снимањето и за предизвиците при снимањето на првиот пост-апокалиптичен македонски филм. Слушнете го целиот разговор и откријте повеќе! КРАТКО ИНФО: ,,М’’ е фантастична бајка за осамено, осумгодишно момче Марко, кое е во потрага по љубов низ мрачниот, дистописки свет на нашата блиска иднина.

Режија: Вардан Тозија
Сценарио: Вардан Тозија, Даријан Пејовски
Актерска екипа: Сашко Коцев, Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ-Вејзовиќ, Тони Михаловски, Оливер Митковски, Верица Недеска, Владимир Тулев, Жаклина Петровска, Благој Веселинов, Борис Дамовски, Јасмина Билаловиќ, Михајло Миленковски.
Oct 09, 202327:32
ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ПРЕЕКСПОНИРАНО’’

ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ПРЕЕКСПОНИРАНО’’

,, „Преекспонирано“ е, пред сѐ, многу добро осмислен филм што вешто ја користи метафората на фотографскиот ефект на Сабатје за да обработи универзална тема. Точно е дека ова не е првпат да бидат прикажани брачни и пубертетски кризи на филмското платно, но уметничкиот израз на Венинова го прави тоа на еден многу суптилен, а ефектен начин.’’ - Марија Лукаревска. ,, Како што многу нешта се премолчуваат меѓу луѓето, така и филмот на Венинова никогаш не ги
открива нештата до крај. Дијалозите и сцените неретко имаат повеќе значења кои гледачите
можат да ги уловат доколку се впуштат под површината, кон длабочините на симболиката на
филмот, а и нивниот сопствен микросвет. Затоа, филмот е одличен за сите љубители на
психолошки драми, како и сите кои сакаат да се преиспитуваат и да ги откриваат тајните лавиринти кои се кријат во човекот.’’ - Филипа Сара Попова. Слушнете ја целата рецензија, откријте повеќе за филмот и уживајте!
Oct 06, 202329:58
СЛАЃАНА ВУЈОШЕВИЌ - ЗА ИДНИНАТА НА ФИЛМОТ

СЛАЃАНА ВУЈОШЕВИЌ - ЗА ИДНИНАТА НА ФИЛМОТ

Во оваа епизода зборуваме за иднината на филмот заедно со актерката Слаѓана Вујошевиќ.

Зборуваме за новите технологии на вештачката интелигенција кои се појавија во почетокот на 2023тата година и за тоа како истите влијаат и ќе влијаат врз филмската индустрија.

Дали можеме да предвидиме до каде ќе оди оваа промена? Како ќе изгледа снимање на филм за 50 години од сега? Дали режисерите и сценаристите сеуште сами ќе ги пишуваат сценаријата или Chat GPT ќе ги пишува наместо нив?

Дали во филмовите ќе играат вистинските актерски ѕвезди или пак нивните ликови и експресии ќе бидат генерирани по пат на вештачка интелигенција?

Слушнете ја целата епизода, откријте повеќе и уживајте!
Oct 02, 202321:52
ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ВИЛИЦАТА НА ИБЕН БАЈЕРС’’

ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ВИЛИЦАТА НА ИБЕН БАЈЕРС’’

„Вилицата на Ибен Бајерс“ претставува одличен старт за младиот Борис Василески, кој покажува голема зрелост како режисер и успева да начне многу важни општествени теми и животни прашања на начин кој е лесно приемлив и разбирлив за публиката. - Марија Лукаревска. Слушнете ја целата рецензија и откријте повеќе!
Sep 30, 202308:19
ДАРИЈАН ПЕЈОВСКИ - ЗА ИДНИНАТА НА ФИЛМОТ

ДАРИЈАН ПЕЈОВСКИ - ЗА ИДНИНАТА НА ФИЛМОТ

Во оваа епизода зборуваме за иднината на филмот заедно со режисерот Даријан Пејовски.

Зборуваме за новите технологии на вештачката интелигенција кои се појавија во почетокот на 2023тата година и за тоа како истите влијаат и ќе влијаат врз филмската индустрија.

Дали можеме да предвидиме до каде ќе оди оваа промена? Како ќе изгледа снимање на филм за 50 години од сега? Дали режисерите и сценаристите сеуште сами ќе ги пишуваат сценаријата или Chat GPT ќе ги пишува наместо нив?

Дали во филмовите ќе играат вистинските актерски ѕвезди или пак нивните ликови и експресии ќе бидат генерирани по пат на вештачка интелигенција?

Слушнете ја целата епизода, откријте повеќе и уживајте!
Sep 26, 202317:13
ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,НЕШТО СЛАТКО’’

ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,НЕШТО СЛАТКО’’

,,Затворете очи, вдишете длабоко и замислете си го омилениот десерт. Визуелно привлечен, со добар баланс помеѓу различни текстури, мириси и вкусови, направен со многу љубов, и секако, со крајна цел: да ги активира центрите за серотонин и допамин во вашиот мозок. Сладолед, чоколадна торта, рафаело бомбица… без разлика на што си помисливте кога реков „омилениот десерт“, формулата е иста: баланс помеѓу различни критериуми за да се задоволи апетитот на поголема група луѓе. Таков е случајот и со „Нешто слатко“ - „питка“ романтична комедија која си игра со замена на идентитети и ги штиклира сите жанровски одредници, а притоа го држи вниманието на публиката.’’ - Јована

Вклучувајќи елементи од класичните Холивудски заплети, но со свој оригинален осврт, „Нешто слатко“ претставува освежувачко филмско искуство, особено кога ќе се земе предвид дека романтичната комедија е запоставен жанр на Балканот. Режисерот Водопивец го користи искуството со кое се здобил во текот на својата стенд – ап кариера, создавајќи духовита приказна, од срце за срцата, богата со квалитетен хумор, која ни за миг нема да ја остави балканската публика рамнодушна.’’ - Евгенија Арсова Слушнете ја целата рецензија, откријте повеќе за филмот и уживајте!
Sep 23, 202333:45
ГОЦЕ КРАЛЕВСКИ - ЗА ИДНИНАТА НА ФИЛМОТ

ГОЦЕ КРАЛЕВСКИ - ЗА ИДНИНАТА НА ФИЛМОТ

Во оваа епизода зборуваме за иднината на филмот заедно со продуцентот Гоце Кралевски.

Зборуваме за новите технологии на вештачката интелигенција кои се појавија во почетокот на 2023тата година и за тоа како истите влијаат и ќе влијаат врз филмската индустрија.

Дали можеме да предвидиме до каде ќе оди оваа промена? Како ќе изгледа снимање на филм за 50 години од сега? Дали режисерите и сценаристите сеуште сами ќе ги пишуваат сценаријата или Chat GPT ќе ги пишува наместо нив?

Дали во филмовите ќе играат вистинските актерски ѕвезди или пак нивните ликови и експресии ќе бидат генерирани по пат на вештачка интелигенција?

Слушнете ја целата епизода, откријте повеќе и уживајте!
Sep 19, 202317:15
ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ЖЕНИ ВО СОБРАНИЕ’’

ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ЖЕНИ ВО СОБРАНИЕ’’

,,Преку гротескниот приказ на универзалната борба на жената за правата што природно ѝ следуваат а насилно ѝ се одземени, оваа претстава е пример за прогресивен и ангажиран театар, кој експериментира, си игра и се бунтува против нормите – вистинско освежување за домашната театарска сцена.’’ - Марија Лукаревска за претставата ,,Жени во собрание’’. ,,Жени во собрание“ е театарска претстава на Театар Комедија, во режија на Ќендрим Ријани, премиерно изведена на 28. декември, 2022 година. Слушнете ја целата рецензија и откријте повеќе!

Sep 15, 202305:15
ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ТЕЛО’’

ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ТЕЛО’’

Објективно со Културен Подкаст и Гледај.Мк! Зборуваме објективно со Севдалина Дамевска од Гледај.Мк за новиот долгометражен документарен филм ,,Тело’’ во режија на Петра Селишкар. Слушнете го нашиот разговор, откријте повеќе за филмот и уживајте! Кратко инфо за филмот: ,,Тело’’ ја доживеа својата светска премиера на двадесет и деветото издание на SARAJEVO FILM FESTIVAL, а македонската премиера на овогодинешното издание на МакеДокс. Трогателен долгометражен документарен филм на веќе докажаната режисерка Петра Селишкар, кој опфаќа период од две декади за необичниот живот на нејзината блиска пријателка Уршка, која се бори со ретки автоимуни болести.
Sep 11, 202325:05
ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ЈАЗЛИ“

ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ЈАЗЛИ“

„Претставата „Јазли“ е вистинско освежување за театарската сцена, и во тематска и во етичка и во визуелно-сценска смисла. Изведбата на актерите е на врвно ниво, а гледањето на претставата се дожувува како фасцинантно естетско искуство. Длабочината на текстот „Јазли“ беше препознаена и на Македонскиот театарски фестивал во Прилеп, каде Рефет Абази ја доби наградата за најдобар драмски текст во 2022 година.“ - Тони Димков за претставата „Јазли“.

Слушнете ја целата рецензија и откријте повеќе за драмата, за процесот и за претставата и проверете кои се следните изведби на сцената на Албанскиот Театар во Скопје.

Nov 10, 202210:13
ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА ЗА ПРЕТСТАВАТА: „ЧУДНА СЛУЧКА СО КУЧЕТО ВО НОЌТА“

ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА ЗА ПРЕТСТАВАТА: „ЧУДНА СЛУЧКА СО КУЧЕТО ВО НОЌТА“

„Она што „Чудна случка со кучето во ноќта“ ја прави возбудлив материјал за работа е темата што ја отвора овој текст. Тоа е светот на Кристофер, светот на „посебниот“, „различниот“, „отфрлениот“, „исмеаниот“, „потценетиот“. Во време во кое многу општества, па така и нашето, се борат за инклузија на луѓето со посебни потреби, да се работи еден ваков актуелен материјал се чини исклучително важно. Во таа смисла, претставата има и едукативно-воспитна функција и може да ја одреди за една од своите целни групи и младата тинејџерска публика.“ - Тони Димков за претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ во режија на Зоја Бузалковска.

Слушнете ја целата рецензија и откријте повеќе за драмата, за процесот и за претставата и проверете кои се следните изведби на сцената на Драмскиот Театар во Скопје.

Nov 09, 202208:17
ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА ЗА ПРЕТСТАВАТА „НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ“

ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА ЗА ПРЕТСТАВАТА „НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ“

„Претставата вреди да се погледне, пред сѐ, заради надежта што ја дава дека има прогресивни поединци што сакаат да го повлечат општеството напред, иако заедницата им лепи етикети на „народни непријатели“. А, секогаш вреди да се има надеж за прогрес.“ -  Тони Димков за претставата „Народен Непријател“.

Слушнете ја целата рецензија и откријте повеќе за драмата, за претставата, за процесот, за режијата за актерската игра и слично. И проверете кои се следните изведби на сцената на Македонскиот Народен Театар .


Nov 04, 202208:28
ТОНИ ДИМКОВ

ТОНИ ДИМКОВ

Тони Димков е еден од ретките новинари, кој во текот на неговата триесетгодишна кариера константно и посветено зборува за светот на културата.

Преку неговите интервјуа, рецензии и критики објавени во различни медиуми, уметниците и културните дејци добиваат постојано признание и промоција на нивните дела и проекти, а публиката има можност да ги открива сите значајни новости од областа на културата и уметноста во Македонија.

Од своите студентски денови па се до сега, во неговата триесет годишна новинарска кариера има работено во многу различни форми на медиуми, како во емисијата „Добро утро Македонија“ на Македонската Телевизија, потоа за дневните весниците „Утрински“ и „Дневник“, неделниот весник „Граѓански“, магазинот „Глобус“, „Форум“, „Лајф Магазин“ и за порталот „МКД МК“. Во последните две години работи како уредник  на „Културен печат“, додаток за култура на „Слободен печат“.

Слушнете го нашиот разговор и откријте повеќе за тоа како изгледа работата на еден новинар во областа на културата, кои се најголемите предизвици, за новинарскиот жанр – интервју, за тоа зошто е значајно новинарите да пишуваат театарски рецензии и уште многу други интересни теми!

Oct 29, 202248:04
ФИЛМСКИ ОСВРТ: „СИНИОТ ЧАС“

ФИЛМСКИ ОСВРТ: „СИНИОТ ЧАС“

Краткометражниот филм „Синиот Час“ по сценарио и во режија на Ана Јакимска ја имаше својата премиера во Скопје на овогодинешниот филмски фестивал „Синедејс“ насловен „Од повисоко подобро се гледа“. Позади себе Ана Јакимска како режисерка има три краткометражни филмови меѓу кои е и филмот „Синиот Час“, а во моментов го развива сценариото за нејзиниот прв долгометражен филм.

Филмот е во копродукција на Кавал филм заедно со Круг Филм и Филм за нас, и со финансиска поддршка од Агенција за филм. Актерската екипа се состои од Наташа Петровиќ која ја игра главнатa женска улога, Жаклина Стевковска, Дарко Набаков и Тамара Ристоска. 

Слушнете го нашиот осврт кон филмот, следете го официјалниот фејсбук профил на филмот https://www.facebook.com/BlueHourTheMovie и обавезно погледнете го на следната проекција!

Oct 21, 202219:35
НЕЗАВИСНО ТЕАТАРСКО ЗДРУЖЕНИЕ „ШТРИХ“

НЕЗАВИСНО ТЕАТАРСКО ЗДРУЖЕНИЕ „ШТРИХ“

Екипата на новото независно театарско здружение  „Штрих“ ни покажа дека -Шансата не се чека, туку таа се создава!. Кога повеќето драмски текстови според денешната публика се сметаат за монотони,застарени и досадни, тие решија од нив да создадат нова актуелна форма. Кога повеќето актери и режисери чекаат сцената да им биде подарена тие се изборија за неа.  

Слушнете го нашиот разговор со дел од екипата, откријте повеќе за тоа кои се „Штрих“, за претставата „Only Artists Left Alive“, за процесот и подготовките, за мотивацијата и инспирацијата, за предизвиците и слично!

Oct 13, 202243:04
АНГЕЛА СТОЈАНОВСКА

АНГЕЛА СТОЈАНОВСКА

Голем број на актерски остварувања на независната сцена, авторски перформанси, основање на првата платформа за аудио книги на македонски јазик, стенд-ап настапи, настапи со Импров Група Настап... Ангела Стојановска секојдневно отркива и развива нови страни од актерската професија.

Во овој подкаст зборувавме повеќе за тоа како се создава авторски перформанс, за предизвикот успешно да се оствари споредна филмска улога која нема реплики, за првата платформа за аудио книги на македонски јазик „Само глас“, за тоа како се подготвува стенд-ап настап и за уште многу други интересни и забавни теми.

Слушнете го нашиот разговор, а потоа ако сакате паметно да го искористите вашето слободно време можете да проверите кога има следна изведба на перформансот „Срам“, да ја слушнете вашата омилена книга на платформата „Само глас“ или да си резервирате билети за Импров Група Настап!

Oct 07, 202242:59
ИВИЦА ДИМИТРИЈЕВИЌ

ИВИЦА ДИМИТРИЈЕВИЌ

Актерство, режија, продукција, снимање независни филмови, создавање музика... Ивица Димитријевиќ е уметник кој постојано твори надвор од комфорт зоната преку откривање на различни светови од областа на уметноста.
Се истакнува на театарската, филмската и музичката сцена преку автентични дела кои отвараат актуелни прашања. Својата актерска кариера паралелно ја гради на домашната сцена на Македонскиот народен театар и на европската сцена преку соработката со режисерот Франц фон Штрохлен. Во 2017та година заедно со Мартин Иванов ја основаат продукциската куќа за независни филмови и претстави „МИ ФИЛМ“, која досега има продуцирано две независни претстави и два долгометражни независни филмови снимени без буџет. Тоа се филмовите „ТМ“ и „Копање“ кои досега имаат освоено награди на повеќе интернационални филмски фестивали. Покрај сето ова истовремено настапува заедно со музичкиот бенд РИБ.
Слушнето го нашиот разговор и откријте повеќе за тоа како се снима независен филм, за театарот и актерската работа во Германија, за претставата „Кабли“ и за уште многу други интересни проекти и теми!
Sep 30, 202254:51
ФИЛМСКИ ОСВРТ: „НЕМА ДА СИ САМА“

ФИЛМСКИ ОСВРТ: „НЕМА ДА СИ САМА“

Дебитантскиот долгометражен филм „Нема да си сама“ по сценарио и во режија на Горан Столевски со својата премиера на престижниот филмски фестивал „Санденс“, е еден од филмовите кој доживеа огромен успех во 2022 година.

Европската премиера на филмот се одржа на овогодинешниот филмски фестивал „Синедејс“ во Скопје.

Филмската приказна се одвива во 19ти век во село во Македонија, каде млада девојка по име Невена е киднапирана и преобразена во вештерка од страна на прастар дух.

Играат: Сара Климоска, Нооми Рапас, Анамарија Маринка, Карлото Кота, Алис Енглерт, Камка Тоциновски и други.

Филмот „Нема да си сама“, преку пишани рецензии од различни светски медиуми, досега се здоби со огромен број на пофалби и признанија.  зборуваат за истио со огромно одушевување, пофалби и признанија. Меѓу нив е и магазинот „Вараети“, кој го смести Горан Столевски во листата на десетте режисери кои несмееме да ги пропуштиме во 2022години.

Слушнете го нашиот разговор за „Нема да си сама“ и погледнете го филмот  доколку сеуште тоа не сте го направиле!

Sep 23, 202222:05
АНА СТОЈАНОСКА

АНА СТОЈАНОСКА

„Театарската критика треба да биде пријател на театарската претстава, ама од оние строги пријатели, оние отворени и искрени пријатели кои ги имаме.“ - Ана Стојаноска

Во овој подкаст ќе зборуваме со Проф. Д-р Ана Стојаноска, која е театролог, писателка и професорка на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Слушнете го нашиот разговор и откријте повеќе за театрологијата, за театарската критика и колку е клучно нејзиното влијание за позитивен развој на театарот. 

Ана Стојаноска има учествувано на многу симпозиуми, научни трибини и работилници од областа на театрологијата, компаративната книжевност и културологијата. Исто така, е дел од авторскиот тим на Поимникот на книжевната теорија, член на Друштвото на писателите на Македонија и има работено како истражувач -координатор во Институтот за театрологија при ФДУ.

Авторка е на драмата „Трогледало“, монодрамата „Стаклен лампион“, збирката поезија „Трепетлика“, романите „Јас и Лин, отпосле“ и „Лебед“. Авторка е и коавторка на повеќе театарски монографии, приредувач на книгите: Драми од Дејан Дуковски и Современа македонска драма и на деведесет студии и есеи објавувани во македонската и странската периодика.


Sep 16, 202251:13
НИКОЛА КУЗЕЛОВ

НИКОЛА КУЗЕЛОВ

Снимањето на независен филм е една од најдобрите алатки со која младите филмски работници можат да започнат да го градат своето портфолио. Никола Кузелов е еден од ретките актери и сценаристи, кој во последните неколку години се занимава со снимање на независни филмови без буџет.
Меѓу нив се долгометражните филмови „Јавачи на коњи“ и „Те Дуа Жими Мене’’ во режија на Марјан Гавриловски и по сценарио на Никола Кузелов. „Јавачи на коњи“ досега има добиено три награди за најдобар игран филм на филмските фестивали FamFest, Yala Film International и KinEst Fest, додека пак премиерата на „Те Дуа Жими Мене“ се очекува во блиска иднина.
Слушнете го нашиот разговор, откријте повеќе за тоа како се снима независен филм без буџет, кои се предизвиците, што се случувало за време на снимањето на „Те Дуа Жими Мене“ и кои други проекти може да ги очекуваме набрзо!
Sep 09, 202240:43
СЛАЃАНА ВУЈОШЕВИЌ

СЛАЃАНА ВУЈОШЕВИЌ

Слаѓана Вујошевиќ е актерка со успешна интернационална кариера. На некои им е позната по нејзините улоги изиграни на сцената на Турскиот театар во Скопје, на други по актерските остварувања во турските телевизиски серии, на некои по улогите на филмското платно, а на децата им е најдобро позната по серијата „Светот на Биби“.

Слушнете го нашиот разговор и откријте повеќе за нејзината погледи и ставови кон актерската професија, за работата во Истанбул и тука, за толкувањето на главната женска улогата во новиот долгометражен филм „Денот на жената“, во режија на Гоце Цветановски и за сите други проекти кои можеме да ги очекуваме во блиска иднина!

Sep 02, 202242:32
„УМЕТНОСТА НА ДОСАДАТА“- Дијана Томиќ-Радевска и Бојан Георгиевски

„УМЕТНОСТА НА ДОСАДАТА“- Дијана Томиќ-Радевска и Бојан Георгиевски

Слушнете ја осумнаесеттата епизода на „Културниот Подкаст на Сара и Мартин“.

Во оваа епизода разговараме со Дијана Томиќ-Радевска и Бојан Георгиевски - куратори на две битни изложби што беа поставени минатата година во резиденцијата на Европската унија во Скопје, со наслов Уметноста на досадата и Бегство.

Оваа година со почеток во март и во текот на следните неколку месеци, на истата локација на улица Ацо Караманов бр 22, ќе биде одржана нова изложба која ќе биде повторно курирана од Дијана и Бојан. Насловот на оваа изложба е Розеви Тигри, Златни Гуштери и Што Уште Не. Изложбата ќе биде отворена до до 20 Мај, оваа година и срдечно ви препорачуваме да ја посетите.

Дијана Томиќ-Радевска е сликар, графичар, концепциски уметник и куратор на уметноста со повеќе од 30 самостојни изложби кај нас и во странство. Бојан Георгиевски е сопственик и раководител на уметничката галерија Акантус која неколку години изложува воспоставени и нови уметници од македонија.

Слушнете го нашиот разговор и уживајте!

Слушај уметност, слушај култура, слушај „Културен Подкаст“!

Mar 19, 202201:04:06
Небојша Вилиќ

Небојша Вилиќ

За оваа епизода на Културниот Подкаст на Сара и Мартин имав чест да зборувам со професор Небојша Вилиќ од факултетите за драмски и ликовни уметности.

Професорот Вилиќ е историчар на уметноста и автор и уредник на 16 книги, до сега, како и голем број списанија, колумни, критики, и есеи.

Тој е еден од најлуцидните критичари на политичките суштествувања во општеството, кои прецизно ги објаснува низ призмата на уметноста, мултикултурализмот, архитектурата, виртуелната стварност, интернетот и слично.

Добар дел од изданијата што биле напишани или приредени од професор Вилиќ се самоиздадени под неговата етикета 3П, а дел можат да се купат во книжарите под етикетата 359 степени.

Во контекст на епизодата, слушателите можат дополнително да се запознаат со работата на Проф. Вилиќ преку следниве врски: интервју од 1997 направено од Роберт Алаѓозовски; проектот Статус #100 – сто критички текстови обајвени преку Фејсбук; Досие 1994-1997 за македонската уметност во тие години; Силувајте го Скопје, Книга 1 и Книга 2 – критика на градот и проектот Скопје 2014; збирка разговори со уметници Критичка уметност 2;

Feb 25, 202201:39:01
РОБЕРТ ДАНДАРОВ

РОБЕРТ ДАНДАРОВ

Роберт Дандаров на млади години се преселува во САД во потрага по образование и искуство во уметноста. Тој таму останува да живее и твори до денешен ден, но, како што самиот вели, добар дел од инспирацијата ја пронаоѓа во Македонија и македонското животно искуство.

Во сликите и графиките на Дандаров може да се препознае критика на она што претставува круг на креирање забуни, заблуди и заборав. Во разговорот тој потенцира дека човекот не се грижи за да си ја „повиши спиритуалноста“ и за тоа дека човештвото масовно страда од депресија.

Го прашав Дандаров и за модернизмот како рефлекс на капитализмот, како го искусува процесот на создавање на едно уметничко дело, за неговите последни креации, за уметноста и револуциите, и друго. Слушнете го нашиот разговор и уживајте!
Nov 07, 202143:16
ПОЕЗИЈА, ТЕАТАР И КРИТИКА

ПОЕЗИЈА, ТЕАТАР И КРИТИКА

„Еднаш ме прашаа што ми е поголем предизвик: театарот или поезијата. Секако, немам сомнежи дека театарот ми е секогаш број еден. Но, прашањето ме поттикна да размислам што е она што ги поврзува во мене овие два света. Кога помислувам на творечките процеси - создавање на една улога и пишување, мислам на искреноста до гола коска. “ – Христина Цветаноска

Во оваа епизода разговараме со актерката Христина Цветаноска, која покрај покрај завршувањето на студии по актерска игра на Факултетот за драмски уметности пишува поезија и воедно е и дипломиран професор по италијански јазик и магистриран театролог.

Разговорот опфаќа голем број на теми поврзани со пишувањето поезија,  театарот и театарската критика, актерот и значајноста на работилниците при неговото надоградување, што е квалитетна театарска критика и уште многу други теми вредни за слушање.

Концептот на оваа епизода е комбинација од интервју и рецитирање поезија, односно нашиот разговор е проследен со изведба на неколку поезии напишани и изведени од Христина Цветаноска.

Слушнете ја епизодата и уживајте!

Слушај уметност, слушај култура, слушај Културен Подкаст

Nov 05, 202139:39
ЃОКО ЗДРАВЕСКИ

ЃОКО ЗДРАВЕСКИ

... во аголот

пајак - бродоломник
крои планови
за нов дом

нашиот е
куќичка за птици - преселници

ние сме
бротче од хартија среде потоп
кое копнее

по копно

Стиховиве се дел од збирката „Куќичка за птици преселници“, една од неколкуте каде што може да се вкуси креативниот нектар на Здравески, чие творештво е обезбременето од императивот на „тешка“ поетичност со цел да се пишува поезија.

Во разговорот со Ѓ. Здравески ќе дојдеме и таа попатна станица - неговиот, така да се каже, метод на пишување поезија, кој се заснова на нужна бестелесност. После голем број изданија на настанот „Астални Проекции“, Здравески и неговиот соработници во поезијата ќе го организираат првиот поетски фестивал во Скопје, за што ќе слушнеме во епизодата.

Ќе ги слушнеме и неговите размислувања за, условно кажано, силата на промена што се содржи во луѓето што креираат поезија и разните видови на уметност, и како тие се неминовно сопоставени кон прашањето на политичките системи што ни ги креираат впечатоците од реалноста.

Секако, има уште многу симболи и содржини што се содржат во разговор кој се слуша како прошетка по планинска патека.

Слушај уметност, слушај култура, слушај Културен Подкаст!

Nov 02, 202101:05:05
ТЕА БЕГОВСКА

ТЕА БЕГОВСКА

Во оваа епизода разговараме со режисерката Теа Беговска за првото издание на онлајн интернационалниот фестивал „Sturm und Drang“, за театарот, за институционалната и за независната сцена, за односот режисер актер, за довербата која е неопходна во еден креативен процес и за уште многу други интересни теми вредни за слушање.

Теа Беговска  во 2013та година дипломира на  Факултетот за театарски уметности - ЕСРА во Скопје. Од почетокот на студиите па се до денес комплетно се посветува на работење интересни и иновативни проекти, како на институционалната така и на независната сцена.

Најновиот проект на Теа Беговска, оваа година, е првиото издание на онлајн интернационалниот алтернативен фестивал „Sturm und Drang“ за кој и самата кажува дека е најголемиот предизвик кој си го задала досега.

Фестивалот претставува интернационална платформа за промоција и соработка помеѓу уметниците ширум Европа. Оваа година на фестивалот учествуваа вкупно 11 различни продукции од: Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Романија, Словачка, Англија, Гранција, Италија и од Австрија.

Во главен фокус на овогодинешното издание на „Sturm und drang“ беа интернационалната и студентската програма.

Во интернационалната програма учествуваа независни театарски групи кои работат алтернативен театар, освен една институционална продукција на Словенско Младинско која учествува со претстава на Драган Живадинов.

Додека пак студентската програма се состоеше од повеќе работилници, мастеркласови, универзитетска конференција и неколку студентски претстави.

Слушнете го нашиот разговор и уживајте!

Слушај уметност, слушај култура, слушај Културен Подкаст!

Oct 31, 202101:27:34
„Шапка, Чоколадо, Анус и уште нешто“ - Театар Златен Елец

„Шапка, Чоколадо, Анус и уште нешто“ - Театар Златен Елец

„И дојде ден кога човекот сфати дека животот одамна не е како на филм.

Тој ден човек беше принуден да се соочи со реалноста, да ја прегрне лагата за неговиот живот и да продолжи напред.“

Овој подкаст нé враќа назад во времето, на 23.07.2021 и 24.07.2021 во МКЦ каде можевме да ја погледнеме премиерата и претпремиерата на претставата „Шапка, Чоколадо, Анус и уште нешто“.  Претставата „Шапка, Чоколадо, Анус и уште нешто“ во режија на Ана Батева, во продукција на „Театар Златен Елец“ и „СПАМ студио“ е создадена по мотиви на драмата „Старицата од Калкута“ од Ханох Левин. Во претставата играат актерите: Григор Јовановски, Надица Петрова, Димитрина Мицкоска, Бобан Алексоски, Миа Кантарџиева – Петровска и Давид Илиќ.

Авторот на драмата, Ханон Левин со овој текст презентира безмислостна дисекција на основните вредности на нацијата и државата. Станува збор за црна комедија која преку различни скечови и апсурдни ситуации раскажува за парадоксот на денешното постоење. Ликовите исправени на работ на екзистенција, свесно ги исмејуваат животните неправди и системскиот апсурд, и со достоинство се противставуваат на болката причинета од соочувањето со светот.

Во овој подкаст накратко зборувавме со актерката Надица Петрова, која игра во претставата и е еден од основачите на независниот театар „Театар Златен Елец“ . Исто така, решивме да побараме и усно мислење од публиката.

Слушнете го нашиот разговор и уживајте!

Слушај уметност, слушај култура, слушај Културен Подкаст!

Oct 29, 202112:16
ФИЛИП АВРАМЧЕВ - СКОПЈЕ ЛАЈТ АРТ ДИСТРИКТ

ФИЛИП АВРАМЧЕВ - СКОПЈЕ ЛАЈТ АРТ ДИСТРИКТ

Бруталистичкиот објект на Поштата во центарот на Скопје беше претворен во „платно“ за еден од визуелните уметници кои ја проектираа нивната уметност за време на Скопје Лајт Арт Дистрикт. Овој уникатен настан привлекува се поголемо внимание кај жителите на Скопје и му помага на градот да се етаблира на европската мапа на културно-уметнички збиднувања. Во следниот подкаст ќе разговараме со Филип Аврамчев, човекот што го организира Скопје Лајт Арт Дистрикт.

Слушнете го нашиот разговор и уживајте! 

Слушни уметност, слушни култура!

Oct 27, 202128:20
МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ - КРЕАРТ 2

МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ - КРЕАРТ 2

„Музеите се места каде што луѓето можат да дојдат по својата културна гратификација и световидна наобразба" се изјасни Мартин Анастасовски по неговите неколку посети на Музеј на Град Скопје додека оваа културна институција беше во фаза на реновирање. Оваа емисија во главно прави осврт на изложбаата Креарт2, која беше поставена во реновираната хала на музејот, како дел од патувачка изложба што посети уште два други европски града. Второто издание на европската мрежа Креарт беше со наслов „Што би се случило ако?“ и поднаслов „Изборот да се изгради алтернативна иднина“ што совршено го вклопува прашањето на реновирање на еден музеј и впрегнување на неговите капацитети во креирање на нешто ново кај нас, можеби културен бран, или отвореност кон уметноста?
Oct 25, 202131:12
ОГНЕН АНТОВ

ОГНЕН АНТОВ

Соништата постојат со цел да бидат реализирани. 

Пример за оваа мисла е македонската продукциска куќа ,,Дрим Фактори’’, која од 2007та година па се досега реализира огромен број на филмски проекти, од сон во реалност. 

Во оваа епизода зборуваме со продуцентот Огнен Антов, кој е основач на продукциска куќа „Дрим Фактори“, која продуцира играни филмови, ТВ проекти и документарци. 

Копродукцијата на филмот „Вера сонува за морето“ е најновиот успех кој го доживеа Огнен Антов заедно со  „Дрим Фактори“. „Вера сонува за морето“  е долгометражен филм во режија на Калтрина Красниќи кој на престижниот филмски фестивал во Венеција (фестивал од А-категорија) ја освои наградата „Автори под 40“ за најдобра режија. 

Огнен Антов досега како продуцент и копродуцент има работено на повеќе од дваесет и седум филмски проекти, меѓу кои се и: „Стела“ во режија на Столе Вујичич, „Џган“ во режија на Вардан Тозија, „Дедо и Внук“ во режија на Илија Пиперкоски, „Ловци на вештерки“ во режија на Рашко Миљкович, „Споменикот на Мајкл Џексон“ во режија на Дарко Лунгулов, „Висини“ во режија на Виктор Божинов итн. Сите наведени и ненаведени филмски проекти во продукција на Дрим Фактори досега имаат учествувано на огромен број интернационални филмски фестивали и на истите имаат освоено огромен број на награди. 

Покрај постојаната продукција на филмските проекти, во 2013та година Дрим Фактори на Македонската радио телевизија успева да го донесе популарното шоу ,,Танц со ѕвездите’’, по пат на превземање на лиценца од страна на Би-Би-Си. Со овој потег, Дрим Фактори инвестира во тоа да се подобри продукцијата на македонските телевизиски канали, да се разбие секојдневната монотона програма составена од турски серии и политика. 

Покрај сите успешни филмски и ТВ проекти, Дрим Фактори низ годините дава одличен пример за тоа како се работи и создава маркетинг за еден филм, на креативен и неконвенционален начин. Дали можеби ја паметите мини-кампањата за долгометражниот филм ,,Џган’’? Или пак,  лажните вести за споменикот на Мајкл Џексон во Градскиот Трговски Центар? Маркетинг на филм е само една од значајните теми за кои зборуваме во оваа епизода. 

Слушнете го нашиот разговор и уживајте!

Oct 23, 202141:28
ТАЛЕНТИ САРАЕВО 2021

ТАЛЕНТИ САРАЕВО 2021

Талент кампусот на Сараевскиот филмски фестивал е платформа за идните филмски професионалци од Југоисточна Европа и Јужен Кавказ, во која секоја година се одбираат 55-65 кандидати за интензивна петдневна програма, која се состои од повеќе различни работилници за режисери, актери, сценаристи, новинари и критичари, како и обука со некои од водечките светски филмски професионалци.

Во програмата на „Таленти Сараево 2021“ оваа година учествуваа шест кандидати од Македонија. Актерките Сабина Мемиши, Тамара Ристоска, Сара Анастасовска (која беше одбрана претходната година, но фестивалот се одржа онлајн) во сегментот „Acting studio“, Филип Мишов и Кристијан Фидановски беа дел од работилницата „Talent press“, додека режисерката Сандра Ѓоргиева со нејзиниот краток филм „Еден тон сладолед“ учествуваше во секторот „Pack & pitch“. каде освои награда за најдобар пич (претставување) и парична награда за постпродукција на звук.

Во оваа епизода учествуваат сите кои беа дел од Таленти Сараево 2021 (освен актерката Сабина Мемиши, која што не беше во можност да присуствува). Целта на нашиот разговор е да го раскажеме убавото искуство и да пренесеме информации за тоа кои се бенефитите од талент кампусот, што е потребно за да се аплицира и слично.

Слушнете го нашиот разговор и уживајте!

Oct 22, 202126:22
КИРИЈАНА А. НИКОЛОСКА

КИРИЈАНА А. НИКОЛОСКА

Како актерка, отсекогаш имав многу прашања на тема КАСТИНГ.
,,Зошто кастинзите се најчесто затворени? А зошто пред кастинг добиваме само една сцена од сценариото? Што е пример за добар „showreel“?’’
И така натаму, и така натаму...
Со оваа епизода сакав да дојдам до одговори за најчестите прашања на еден актер за време на или по студиите на тема КАСТИНГ. А кој би ги имал најдобрите одговори на оваа тема, ако не кастинг директорката Киријана Алушевска Николоска.
Киријана Алушевска Николоска е кастинг директорка која досега има работено на огромен број филмски проекти, домашни и странски. Помеѓу нив се филмовите „Сестри“ во режија Дина Дума, Северен Пол“ во режија на Марија Апчевска, „Господ постои, името и е Петрунија“ во режија на Теона С. Митевска, „Ослободувањето на Скопје“ во режија на Раде и Данило Шербеџија, „Џган“ во режија на Вардан Тозија, детската серија „Зоки Поки“ итн.
Исто така, Киријана А. Николоска е и еден од основачите на меѓународниот филмски фестивал за документарен филм – МакеДокс.
Покрај нејзината кариера како кастинг директор, на многу филмски проекти била и во улога на асистент на режија и координатор на статисти.
Нејзината кариера општо како филмски работник започнува со снимањето на детската серија „Наше Маало“.
Слушнете го нашиот разговор и уживајте!

Oct 19, 202149:28
ТВОРЕШТВОТО НА ДИМЧЕ КОЦО

ТВОРЕШТВОТО НА ДИМЧЕ КОЦО

Димче Коцо (1910 - 1993) - член на МАНУ, археолог, историчар на уметност и уметник, е еден од највпечатливите македонски уметници од старата генерација, чие име е практично многу малку познато кај општата популација. Оваа епизода е посветена на неговото творештво и е изработена по повод јубилејот што се одржа во Националната галерија Чифте Амам.

На подкастот ќе го слушнете личното толкување на неколку дела од страна на Мартин, детаљи од изложбата, извадоци од стара репортажа на Македонска Радио Телевизија, како и разговор со Маја Чанкуловска Михајловска, виш кустос на Националната Галерија.

Слушнете ја епизодата за творештвото на Димче Коцо и уживајте!

Oct 17, 202138:19
НОВ ГЛАС НА НЕЗАВИСНАТА ТЕАТАРСКА СЦЕНА

НОВ ГЛАС НА НЕЗАВИСНАТА ТЕАТАРСКА СЦЕНА

На 26ти септември 2021 година на сцената на дансинг салата во Младинскиот Културен Центар, премиерно за прв пат во Македонија, беше изведена претставата „Вистинскиот запад“ во режија на Борис Василевски, во изведба на актерите Маријан Наумов, Томислав Давидовски, Мартин Манев и Тања Кочовска и во продукција на Ава Хусеини.

Драмата „Вистинскиот запад“ од америчкиот автор Сем Шепард отвара едно длабоко прашање, прашање за идентитетот - Кој сум јас? Отвара темелно изградено прашање за личниот и културниот идентитет
Во оваа епизода разговараме со актерите Марјан Наумов и Томислав Давидовски, кои ги играат главните ликови во претставата.
Оваа епизода се роди како идеја благодарение на оваа претстава, но нашиот разговор е многу повеќе од само разговор за претставата. Нашиот разговор зборува многу за независната сцена и условите кои таа ги поставува, за авторски права на еден текст, за подготовките и слично.
И да не заборавам. претставата има и одлична сценографија, благодарение на актерот Мартин Манев.
Одлична театарска екипа, одлична театарска претстава.
Слушнете го нашиот разговор и уживајте!
Oct 14, 202140:15
УМЕТНОСТА НА УЛИЦА НЕМА ПРАВИЛА

УМЕТНОСТА НА УЛИЦА НЕМА ПРАВИЛА

ТЕАТРОСК“ е македонска продукција што создава улична уметност, вклучувајки живи статуи и пантомима. Организираат голем број на настани, промоции, перформанси и фестивали кај нас и надвор. Повеќе од десет години патуваат низ светот и настапуваат на интернационални фестивали за живи статуи и баскери. „Театроск“ за актот „Контрабас“ има освоени прво место од гласањето на публиката на интернационалниот натпревар за живи статуи кој беше дел од музичкиот фестивал „Зигет“ во Будимпешта.

Потоа во 2019та година повторно се враќаат на фестивалот „Зигет“, на светското првенство за живи статуи, но овој пат како дел од жири комисијата.

Уличната уметност во Скопје оживува барем еднаш во годината заедно со фестивалот на живи статуи во Скопје, познат како „Статуафест“. Идејата за овој фестивал е секако создадена од основачите на продукцијата „Театроск“, Војо Цветановски и Милена Цветановска.

Во оваа епизода со нив разговараме на најразлични теми поврзани со уличната уметност. Која беше главната тема на овогодинешниот Статуафест? На кои фестивали учествувале? Што треба да направи еден артист за да стане дел од Статуафест? Какви се условите за улична уметност кај нас, а какви се во Европа? …

Подоцна разговаравме и со една од учесничките на овогодинешниот Статуафест, а тоа е актерката Марија Кондовска.

Слушнете го нашиот разговор и уживајте!
Oct 11, 202147:14
БАТУХАН ИБРАХИМ

БАТУХАН ИБРАХИМ

Во оваа епизода зборуваме со младиот филмски режисер, Батухан Ибрахим. Батухан Ибрахим во 2020тата година дипломира на Факултетот за Драмски уметности во Скопје. Досега има работено на многу филмски проекти, како режисер, скриптер и како асистент на режија.

Неговиот краток филм „Twisted“ беше примен на повеќе интернационални филмски фестивали на кои досега има освоено награда за најдобра режија, најдобар краток филм и најдобро актерско остварување. Главната улога во филмот ја игра актерката Мими Трпковска.

Oct 10, 202135:24
ФИЛМ ВО ТЕАТАР

ФИЛМ ВО ТЕАТАР

Во оваа епизода разговараме со театарскиот режисер Синиша Ефтимов и актерите Фаик Мефаилоски и Исидор Јованоски.

Оваа епизода е снимена  само неколку дена по премиерата на претставата „Четири соби“ во Велешкиот театар „Јордан Х.К Џинот“. Претставата „Четири соби“ е адаптација на истоименото филмско сценарио „Четири соби“, омнибус во режија на Квентин Тарантино, Роберто Родригез, Александар Роквел и Алисон Андерс.

Режија: Синиша Ефтимов

Актери: Фаик Мефаилоски, Исидор Јованоски, Самоил Стојановски, Маја Љутков, Кети Борисовска, Талија Настова, Зорица П. Панчиќ, Симона Димковска, Жарко Спасовски и Благојчо Стојанов.

Сценографија/ Ксотимографија: Александар Ношпал

Композитор: Сашко Костов

Oct 06, 202140:45
ТЕАТАР ПИ - НЕЗАВИСЕН ТЕАТАР ЗА ЛИЦА СО ТИПИЧЕН И АТИПИЧЕН РАЗВОЈ

ТЕАТАР ПИ - НЕЗАВИСЕН ТЕАТАР ЗА ЛИЦА СО ТИПИЧЕН И АТИПИЧЕН РАЗВОЈ

ТЕАТАР ПИ – Првиот и единствениот независен театар во Северна Македонија кој работи со лица со типичен и атипичен развој. Основачи на театарот се актерите Златко Митрески и Македонка Илиевска.
Во оваа епизода за Театар Пи, за актерството и за уметноста зборуваме со актерот Златко Митрески, кој има дипломирано на НАТФИЗ (Националната академија за театарски и филмски уметности во Бугарија), а денес е дел од ансамблот на Драмски театар – Скопје.
Досега има изиграно голем број на улоги на независната и институционалната театарска сцена, тука и во Бугарија. Освен тоа има и неколку актерски остварувања на филмското платно, а повремено се занимава и со создавање на музика за театарски претстави. На крајот од епизодата можете да слушнете една од композициите која Златко Митрески ја креираше за претставата „A very, very dark matter“.
Oct 05, 202152:16