Skip to main content
Тавор

Тавор

By Тавор

Православната духовност - живот на Црквата во нејзината богочовечка полнота.
Available on
Google Podcasts Logo
Pocket Casts Logo
RadioPublic Logo
Spotify Logo
Currently playing episode

Светата Литургија - за трезвеност на душата

ТаворMar 02, 2021

00:00
25:56
Кога ја виде Исус нивната вера...

Кога ја виде Исус нивната вера...

Тогаш Он влезе во еден кораб, се врати назад и пристигна, во својот град. И ете, донесоа при Него еден фатен, положен на постела. Па кога ја виде Исус нивната вера, на фатениот му рече: „Не плаши се чедо! Ти се простуваат гревовите твои!” Тогаш некои од книжниците рекоа во себе: „Овој богохулствува.” А Исус, штом ги разбра мислите нивни, рече: „Зошто мислите лошо во срцата ваши? Или, што е полесно? Да кажам: »Ти се простуваат гревовите твои!« или да кажам: »Стани и оди!«? Но за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштава гревови.” Тогаш му рече на фатениот: „Стани, земи си ја постелата и оди си дома!” И тој стана, ја зеде постелата своја и си отиде дома. А народот, кога го виде тоа, се зачуди и Го прослави Бога, Кој им дал таква власт на луѓето.

Од Светото Евангелие според Матеј (9, 1-8). Зач. 29.

Jul 18, 202310:09
Црквата. Извори на верата. Спасението

Црквата. Извори на верата. Спасението

Во оваа емисија слушајте за:

1. Црквата

Православната Црква органски е истата заедница (еклисиа) која започнала да постои во денот кога Светиот Дух слегол во Ерусалим, на празникот Педесетница.

2. Изворите на верата

Извори на црковното учење, како што е формулирано во Православната катехиза, се: Светото Писмо и Светото Предание, кои се зачувани од Црквата.

3. Спасението

Што е спасението, за кое толку многу се зборува, а луѓето го разбираат на толку многу различни начини?

Протојереј Антониј Петрушевски. Според Катехизисот од Архиепископот фински г. Павле.

Feb 08, 202315:34
Црквата, созданието и историјата

Црквата, созданието и историјата

Ќе биде појасно што му нуди православната духовност на современиот човек ако обработиме поглавје за односот на Православието и светот, бидејќи во православното Предание, светот како создание и како историја ја наоѓа смислата и целисходноста во Икономијата на Црквата, која, бидејќи е полнота на Богочовекот Христос, образува таинствено средиште на светот, „украс на светот” ...

Православието не е бегање од светот во име на вонвременско ширење и трагања, на индивидуална или религиозна самодоволност во која се мешаат христијански и нехристијански еле менти. Православието ја воплотува духовноста на Воплотувањето, тоа е храбар подвиг, претходно присуство на љубовта и одговорноста, сила за преобразба на светот и историјата. Како што падот на човекот не е изолиран настан, бидејќи со себе го повлекол целото создание и ја вовел лагата во историската стварност, така и спасението не е само за човекот, туку е спасение на целото создание и на историјата преку човекот.

***

Од книгата: Православна духовност, протојереј Михаил Кардамакис.

Превод и читање: протојереј Антониј Петрушевски (комбинирано со компјутерски генерирано читање, со технологија за конвертирање на текст во глас).

Jan 28, 202316:32
3. Обележја на православната духовност (2)

3. Обележја на православната духовност (2)

Православието ги открива богатството на својата духовност и онтологијата на своето внатрешно искуство, со целиот историско-есхатолошки динамизам и со својата богочовечка полнота, во еден збир од своите посебни карактеристични обележја и изрази. Православната духовност е:

  • Библиска и Преданиска
  • Историска и есхатолошка
  • Теориска и практична
  • Светоотечка и монашка
  • Богољубива и човекољубива

---
Православна духовност / протопрезвитер Михаил Кардамакис
Превод и читање: протојереј Антониј Петрушевски

Jan 09, 202313:39
2. Обележја на православната духовност (1)

2. Обележја на православната духовност (1)

Православието ги открива богатството на својата духовност и онтологијата на своето внатрешно искуство, со целиот историско-есхатолошки динамизам и со својата богочовечка полнота, во еден збир од своите посебни карактеристични обележја и изрази. Православната духовност е:

  • Библиска и Преданиска
  • Историска и есхатолошка
  • Теориска и практична
  • Светоотечка и монашка
  • Богољубива и човекољубива

---
Речник:
* Есхатологија (грч. εσχατον - есхатон, крај, последно). Есхатологијата е теолошка наука за последните денови (стварност, настани), но не само во временска, туку и во егзистенцијална смисла, т.е. учење за воспоставувањето на вечниот живот или Царството Божјо, кое ќе се случи на крајот на историјата, со Второто доаѓање на Господ Исус Христос.
* Воплотување. (греч. ἐνσάρκωσις, лат. incarnatio), клучен настан во историјата на спасението, кој се состои во тоа, што предвечното Слово (Логос), Синот Божји, Второто Лице на Бог Пресвета Троица, примил човечка природа. Исус Христос е вистински Бог и вистински човек.
---
Православна духовност / протопрезвитер Михаил Кардамакис
Превод и читање: протојереј Антониј Петрушевски


Jan 02, 202314:02
Значење на православната духовност

Значење на православната духовност

протојереј Михаил Е. Кардамакис, Православна духовност.

Согледувањето на стварите во просторот на христијанските тајни ни помага да сфатиме дека духовноста не е просто неодредена внатрешна содржина и дека не се сведува на човечко одредување. Христијанската духовност е надминување на „душевноста” и посебно на „религиозноста”. Се доживува и се изразува како апсолутно нов и онтолошки настан, чудо на Откровението и на верата. Таа е чист, автентичен, мистичен и таинствен живот – живот на човекот со Бога и пред Бога, кој ни е даден со воплотениот Христос, кој е онтолошки темел, мерка и критериум за вистинскиот живот – на животот на Црквата.

Текстот го чита: протојереј Антониј Петрушевски

Dec 28, 202210:39
Тајната на Бог Пресвета Троица
Jan 25, 202211:56
 Недела на светите отци

Недела на светите отци

Претпоследната и последната Недела пред празникот на Рождеството Христово се нарекуваат: Недела на светите праотци и Недела на светите отци...

Jan 02, 202208:35
Чувствувањето на гревот и надежта во Бога

Чувствувањето на гревот и надежта во Бога

- По греовопадот на прародителите, човекот, сакајќи да го игнорира Бога, потонал во сопственото незнаење и немоќ. Заради тоа на вратите на православниот духовен живот се испишани зборовите: „Познај се себе.“

- Човекот треба да ја возвиши својата слобода и да ја зголеми својата одговорност, да тргне од себе кон надминување на животниот безизлез, на пустелијата на светот и на парадоксот на историјата.

- Најдлабоката смисла на самопознанието е чувствувањето на гревот. „Мугра и почеток на спасението на душата е спознавањето и разбирањето на извршените гревови.”

- „Оној што ги познал слабостите на човечката природа, го примил искуството од Божјата сила.”

- „Гревот и злото не доаѓаат од надворешна извалканост, туку од внатрешниот неуспех, од изопаченоста на волјата. Доследно на тоа, гревот се победува само со внатрешна измена и промена, а покајанието, пак, го добива печатот од благодатта во Светите Тајни.”

Dec 28, 202113:01
Светата Тајна Крштение

Светата Тајна Крштение

Што е тоа Свето Крштение? - Приватна, фамилијарна свеченост или духовен настан - повторно раѓање преку вода и Дух, врата низ која крштеваниот влегува во животот на Црквата, т.е. станува член на Телото Христово!

Објаснување на значењето на чинот со извадоци од молитвите на крштевањето. За оние што ќе се крстат и за оние што се крстени...

Oct 24, 202118:60
Светите Тајни на Црквата. Вовед.

Светите Тајни на Црквата. Вовед.

Таинства т.е. Свети Тајни во Црквата се нарекуваат свештенодејствата во коишто се случува средба на Бог со човекот, односно човекот се соединува со Бог толку, колку што тоа е можно во условите на земскиот живот. Во Светите Тајни божјата благодат слегува врз нас и ја осветува целата наша природа - ги соединува со божествената природа и душата и телото на човекот.

Oct 24, 202107:11
Богатиот улов на риби (Лука V гл., 1-11)

Богатиот улов на риби (Лука V гл., 1-11)

вангелие според Лука 17 зачало (V гл., 1-11)

5:1-11

1. Еднаш, кога народот се притискаше кон Него за да го чуе словото Божјо, Он стоеше покрај Генисаретското Езеро.

2. Тогаш виде два кораба, што стоеја покрај езерото; а рибарите, излегле од нив, си ги плавеа мрежите,

3. Како влезе во еден од корабите, кој беше на Симона, го замоли да се оддалечи малку од брегот, па седна и го поучуваше народот од коработ.

4. А штом престана да говори, му рече на Симона: „Заплови во подлабоко и фрлете ги мрежите свои за лов!”

5. Но Симон Му одговори и рече: „Наставниче, цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме; но по Твоја волја ќе ја фрлам мрежата.”

6. И штом го направија тоа, тие уловија голема количина риба, та дури и мрежата им се скина.

7. Им дадоа знак на другарите, што беа во другиот кораб, да дојдат и да им помогнат; и тие дојдоа и ги наполнија и двата кораба така, што за малку ќе потонеа.

8. А кога го виде тоа, Симон Петар падна пред нозете Исусови и Му рече: „Оди си од мене, Господи, оти сум човек грешен!”

9. Зашто беше влегол страв во него, и во сите што беа со него, од тој лов на риби, што ги уловија;

10. а исто така и во Јакова и Јована, синовите Зеведееви, кои му беа другари на Симона. И му рече Исус на Симона: Не бој се! Отсега ќе ловиш луѓе!”

11. Кога ги извлекоа двата кораба на суво, оставија сe и тргнаа по Него.

Oct 24, 202122:02
Етичките проблеми на сексологијата и на сексопатологијата

Етичките проблеми на сексологијата и на сексопатологијата

...Состојбата на современата сексологија сведочи, дека прашањето за нормата и патологијата на човековата сексуалност на нивото на медицинската практика непосредно е поврзано со етичко-светогледниот контекст на културата. Надминувајќи го отпорот на тој контекст, медицинската наука се обидува да ја измени смислата на човечката сексуалност...

Jul 19, 202116:30
Зошто некои не го сакаат Воскресението?
May 15, 202106:37
Простување - зошто и како?

Простување - зошто и како?

Простувањето е вистински продор на Небесното Царство во овој паднат свет. Простувањето е помирување, повторно соединување и враќање на радоста на животот. Пораката на Проштална недела, на Прочка, е да си простиме еден на друг и со отворени срца да стапиме на патот кон Воскресението, кон новиот живот кој ќе го живееме со силата и со животот на Живиот Бог.

Mar 14, 202107:01
Покајание и Исповед. Зошто и како да се исповедаме?

Покајание и Исповед. Зошто и како да се исповедаме?

Кога правиме грев, ја изневеруваме својата вистинска човечка природа што била обновена во нас со Крштевањето и Миропомазанието. Единствено покајанието може да нѐ врати во состојбата од која сме се лишиле...

Mar 10, 202112:09
Сеопштиот, последен Божји Суд

Сеопштиот, последен Божји Суд

Секој од нас ќе умре, но никој нема да исчезне. Кај Бога ништо не исчезнува, неговиот збор излегува, но не изминува. Бог сѐ создал да постои (Прем. 1, 14), и тоа го создал не за некое (определено) време, туку засекогаш. Св. Апостол Павле вели: „На луѓето им е одредено еднаш да умрат, а потоа суд“ (Евр 9, 27). Но, Божјиот Суд, не е сличен со човековиот Суд...

Mar 07, 202114:02
Светата Литургија - за трезвеност на душата
Mar 02, 202125:56
Црковното учење за Светата Тајна Евхаристија

Црковното учење за Светата Тајна Евхаристија

Што претставува Светата Тајна Евхаристија? Православната Црква светата тајна Евхаристија ја извршува преку Божествената Литургија. Таа, секако, е повеќе од обред кој се состои од пропишани свештенодејства  или црковни песни, пеени според пропишан редослед. Оваа света тајна најтесно е поврзана со значењето на самиот поим “христијанин”, т.е. “член на Православната Црква.”

Mar 01, 202110:04
Литургијата не е интелектуално доживување, туку благодатен настан

Литургијата не е интелектуално доживување, туку благодатен настан

За време на Светата Литургија свештеникот тивко ја чита молитвата на првиот антифон:

Господи, Боже наш, чијашто власт е неискажлива и слава недостижна, чијашто милост е неизмерна и човекољубие неизречено; Самиот Ти, Владико, според Твоето милосрдие, погледни на нас и на овој свет храм, и покажи ги на нас и на овие што се молат со нас, Твоите богати милости и Твоите штедрости.

Што и да кажеме за Бога, не можеме да изразимe сè. Ништо не може да го изрази Бога. Апсолутно ништо. Затоа велиме, дека Бог е благ, човекољубив, милосрден и набројуваме уште многу други описи, но истовремено, Бог не е ни сето тоа заедно, зашто Тој не може да биде ограничен во една дефиниција. Бог е и не е. Тој е добар и не е добар, зашто е над поимот за добро, Бог не може да се ограничи во еден поим. Затоа, славата и присуството на Бога се недостижни, неизмерливи и неискажани. Tоа големо и неизразливо Божјо присуство, сепак, се доживува во срцето на човекот. Секој – од доенче до старец – може да го доживее Божјото присуство. Затоа, во Црквата не исклучуваме никого. Светата Литургија не е интелектуално доживување.

Feb 27, 202111:18