Skip to main content
Свиток

Свиток

By Антониј Петрушевски
Православие Живот Црква
Listen on
Where to listen
Breaker Logo

Breaker

Google Podcasts Logo

Google Podcasts

Pocket Casts Logo

Pocket Casts

RadioPublic Logo

RadioPublic

Spotify Logo

Spotify

Currently playing episode

Црковното учење за Светата Тајна Евхаристија

Свиток

1x
Простување - зошто и како?
Простувањето е вистински продор на Небесното Царство во овој паднат свет. Простувањето е помирување, повторно соединување и враќање на радоста на животот. Пораката на Проштална недела, на Прочка, е да си простиме еден на друг и со отворени срца да стапиме на патот кон Воскресението, кон новиот живот кој ќе го живееме со силата и со животот на Живиот Бог.
07:01
March 14, 2021
Покајание и Исповед. Зошто и како да се исповедаме?
Кога правиме грев, ја изневеруваме својата вистинска човечка природа што била обновена во нас со Крштевањето и Миропомазанието. Единствено покајанието може да нѐ врати во состојбата од која сме се лишиле...
12:09
March 10, 2021
Сеопштиот, последен Божји Суд
Секој од нас ќе умре, но никој нема да исчезне. Кај Бога ништо не исчезнува, неговиот збор излегува, но не изминува. Бог сѐ создал да постои (Прем. 1, 14), и тоа го создал не за некое (определено) време, туку засекогаш. Св. Апостол Павле вели: „На луѓето им е одредено еднаш да умрат, а потоа суд“ (Евр 9, 27). Но, Божјиот Суд, не е сличен со човековиот Суд...
14:02
March 7, 2021
Светата Литургија - за трезвеност на душата
Светата Литургија е најголемото дело што човек може да го изврши, најголемата чест, најголемата привилегија што Бог му ја дал на човек, имено, да се причести со Светите Тајни - Христовото Тело и Неговата Крв. Сo една од молитвите на Светата Литургија свештеникот се моли: „Да им бидат (Светите Дарови) на тие што се причестуват: за трезвеност на душата, за простуване на гревовите, за заедница со Светиот Дух, за наследување на царството небесно, за смелост кон Тебе, а не за суд или за осудување.” Ќе ги прокоментираме тие изрази поединечно... Оваа емисија со видео: https://www.facebook.com/tavor.koe/videos/558227695095006
25:56
March 2, 2021
Црковното учење за Светата Тајна Евхаристија
Што претставува Светата Тајна Евхаристија? Православната Црква светата тајна Евхаристија ја извршува преку Божествената Литургија. Таа, секако, е повеќе од обред кој се состои од пропишани свештенодејства  или црковни песни, пеени според пропишан редослед. Оваа света тајна најтесно е поврзана со значењето на самиот поим “христијанин”, т.е. “член на Православната Црква.”
10:04
March 1, 2021
Литургијата не е интелектуално доживување, туку благодатен настан
За време на Светата Литургија свештеникот тивко ја чита молитвата на првиот антифон: Господи, Боже наш, чијашто власт е неискажлива и слава недостижна, чијашто милост е неизмерна и човекољубие неизречено; Самиот Ти, Владико, според Твоето милосрдие, погледни на нас и на овој свет храм, и покажи ги на нас и на овие што се молат со нас, Твоите богати милости и Твоите штедрости. Што и да кажеме за Бога, не можеме да изразимe сè. Ништо не може да го изрази Бога. Апсолутно ништо. Затоа велиме, дека Бог е благ, човекољубив, милосрден и набројуваме уште многу други описи, но истовремено, Бог не е ни сето тоа заедно, зашто Тој не може да биде ограничен во една дефиниција. Бог е и не е. Тој е добар и не е добар, зашто е над поимот за добро, Бог не може да се ограничи во еден поим. Затоа, славата и присуството на Бога се недостижни, неизмерливи и неискажани. Tоа големо и неизразливо Божјо присуство, сепак, се доживува во срцето на човекот. Секој – од доенче до старец – може да го доживее Божјото присуство. Затоа, во Црквата не исклучуваме никого. Светата Литургија не е интелектуално доживување.
11:18
February 27, 2021