Skip to main content
Без коски

Без коски

By Авангарда
"Без коски“ е кошаркарски подкаст на македонски јазик каде што ќе разговараме за сите работи поврзани со кошарката. Секоја недела ќе имате можност да ги слушнете нашите размислувања, коментари и анализи за најновите случувања, како и разговори со гости кои се на еден или друг начин се во светот на кошарката.
Listen on
Where to listen
Breaker Logo

Breaker

Google Podcasts Logo

Google Podcasts

Pocket Casts Logo

Pocket Casts

RadioPublic Logo

RadioPublic

Spotify Logo

Spotify

Епизода #17: Oл стар резерви и вести од лигата
Седумнаесета епизода на “Без коски“ со Ѓорги, Мартин и Филип - за Ол стар резервите и првичното изоставување на Сабонис, Ибра vs Леброн и другите најважни вести од лигата.
01:11:38
March 1, 2021
Епизода #16: Лилард vs Лука, ЛеБрон и трејдови
Шеснаесетта епизода на Без коски со Ѓорги, Мартин и Филип: Ол стар петорки и прашањето дали Лилард треба да е пред Лука стартер (00:00 - 14:30); ЛеБрон и Крис Пол пишуваат историја (14:30 - 34:50); 50ки за Мареј и Ембид, Казнс не е повеќе дел од Хјустон, кој ќе заврши во Лејкерси и што им треба на Селтикси (34:50 - 01:06:01).
01:06:02
February 22, 2021
Епизода #15: Сите шутираат тројки во НБА лигата
Петнаесетта епизода на “Без коски“ со Ѓорги, Мартин и Филип - за шутирањето тројки, големите проценти, негледливоста на регуларната сезона.
01:03:06
February 18, 2021
Епизода #14: Ол Стар, Далас и трејд гласини
Четиринаесеттата епизода на “Без коски“ Ѓорги, Мартин и Филип ја започнуваат со разговор за најновите случувања во лигата - разговараат за пресекот на гласовите за Ол старот, Никси како највредна франшиза во лигата и Далас Маверикс и Лука (00:00 - 35:50). Епизодата ја завршуваат со најинтересните тред гласини во моментот - што ќе направат Фила, Бостон и Нетси до крајот на трејд периодот (35:50 - 01:15:31).
01:15:32
February 15, 2021
Епизода #13: Време е за нашите Ол Стар петорки
Тринаесетта епизода на “Без коски“ Ѓорги, Мартин и Филип ја започнуваат со разговор за најновите случувања во лигата - разговараат за трејдот на Пистонси и Никси, коментарите на Кеј Ди за протоколите на лигата и коментарите на Леброн за Ол старот (00:00 - 23:25). После тоа, го посветуваат главниот дел од подкастот во градење на нивните Ол стар петорки и резерви (23:25 - 50:10). Епизодата ја завршуваат со предвидување како ќе помине Суперболот и разговараат дали Том Брејди е поголем GOAT од сите GOATS (50:10 - 57:54).
57:55
February 8, 2021
Епизода #12: NBA Power Rankings
Дванаесеттата епизода на “Без коски“ Ѓорги, Мартин и Филип ја посветуваат на анализирање на досегашниот дел на сезоната преку power rankings на сите 30 тимови во лигата.
01:20:38
February 1, 2021
Специјал: Една година без Коби Брајант
Специјална епизода на “Без коски“ со Ѓорги и Мартин по повод една годишнина од прераната смрт на Коби Брајант.
24:08
January 26, 2021
Епизода #11: Најдобрите три екипи на Западот
Единаесеттата епизода на “Без коски“ Ѓорги и Мартин ја започнуваат со разговор за најновите случувања во лигата - поминуваат низ играчите кои се нови на листата на повредени или оние кои се враќаат од повреди и разговараат за трејдот на Кевин Портер Џуниор од Кавс во Рокетс (00:00 - 12:07). После тоа, го посветуваат главниот дел од подкастот да ги изанализраат трите најдобри екипи на Западот - Јута Џез (12:07 - 29:15), Клиперс (29:15 - 43:02) и Лејкерси (43:02 - 01:01:45). Епизодата ја завршуваат со доделување на трите награди на неделата - награда за играч, разочарување и изненадување на неделата (01:01:45 - 01:13:56).
01:13:56
January 25, 2021
Епизода #10: Ридрафт на НБА драфтот од 2013
Во десетата епизода на “Без коски“ Ѓорги, Мартин и Филип направија ридрафт на можеби и најлошиот драфт во последните 20 години во НБА лигата - оној од 2013 година.
53:22
January 21, 2021
Епизода #9: Неделата позади нас, Харден во Нетс
Деветата епизода на “Без коски“ Ѓорги, Мартин и Филип ја започнуваат со разговор за најновите случувања во лигата - поминуваат низ играчите кои се нови на листата на повредени или оние кои се враќаат од повреди и разговараат за исчезнувањето на Кајри (00:00 - 09:36). После тоа, го посветуваат главниот дел од подкастот да го изанализраат блокластер трејдот после кој Џејмс Харден е нов играч на Бруклин Нетс (09:36 - 40:37), пред да се префрлат со разговор за досегашната игра на Торонто Рапторс (40:37 - 52:09). Епизодата ја завршуваат со доделување на трите награди на неделата - награда за играч, разочарување и изненадување на неделата (52:09 - 01:01:03) и плејофот во НФЛ лигата (01:01:03 - 01:09:43).
01:09:44
January 18, 2021
Епизода #8: Играчи без титула со Скратен Корнер
Во осмата епизода на “Без коски“ на Ѓорги, Мартин и Филип на гости им дојдоа Кирил и Влатко од фудбалскиот подкаст “Скратен Корнер“. На самиот почеток тие со нив разговараат за нивниот подкаст - идејата и реализацијата позади него (0:00 - 09:01). После тоа следува драфтот каде петорицата маратонски ги бираат најдобрите играчи што играле и/или се уште играат во НБА лигата кои играчи немаат освоено НБА титула (09:01 - 02:25:33).
02:25:50
January 14, 2021
Епизода #7: Третата недела во НБА е позади нас
Седмата епизода на “Без коски“ Ѓорги, Мартин и Филип ја започнуваат со разговор за најновите случувања во лигата во однос на проблемите со кои тимовите се соочуваат со пропуштањето на натпревари поради КОВИД-19 (00:00 - 16:25). После тоа, тие продолжуваат со дискутирање на три тима кои нив им оставија најголем впечаток изминатата недела - Голден Стејт Вориорс (16:25 - 27:20), Филаделфија 76ерс (27:20 - 36:13) и Никси (36:13 - 47:10). Епизодата ја завршуваат со доделување на трите награди на неделата - награда за играч, разочарување и изненадување на неделата (47:10 - 56:56), пред да се осврнат на плефојот во НФЛ лигата (56:56 - 01:03:12).
01:03:12
January 11, 2021
Епизода #6: Најдобрите европски играчи во НБА со Стречерси
Во шестата епизода на “Без коски“, на Ѓорги и Мартин на гости им дојдоа Мите и Елдан од НБА вебшоуто на македонски јазик - Стречерс. На самиот почеток тие со Стречерси разговараат за идејата и реализацијата на шоуто, Никси и моменталната распределба на силите во НБА лигата (0:00 - 27:53). После тоа следува драфтот каде четворицата ги бираат најдобрите европски играчи што играле и/или се уште играат во НБА лигата и дискусијата каде треба Кукоч, Дражен, Дирк и останатите да бидат на листата на најдобри играчи од Европа во лигата (27:53 - 01:45:59).
01:45:59
January 7, 2021
Епизода #5: Изминатата недела во НБА лигата
Петтата епизода на “Без коски“ Ѓорги, Мартин и Филип ја започнуваат со краток преглед на најважните вести кои ни доаѓаат од НБА лигата пред да го дадат своето мислење за изјавата дадена од Ченинг Фрај, поранешен НБА играш и шампион со Кливленд, кој изјави дека не постои екипа во лигата моментално која може да ги порази Голден Стејт со Стеф, Клеј и Кеј Ди (00:00 - 20:07). После тоа, тие продолжуваат со дискутирање на три тима кои нив им оставија најголем впечаток изминатата недела - Феникс Санс (20:07 - 27:30), Денвер Нагетс (27:30 - 35:24) и Хјустон Рокетс (35:24 - 46:37). Епизодата ја завршуваат со доделување на трите награди на неделата - награда за играч, разочарување и изненадување на неделата (46:37 - 01:00:39).
01:00:39
January 4, 2021
Епизода #4: Шутерски драфт со Стефан HeatCheck
Во четвртата епизода, воедно и последна за 2020, на Ѓорги, Филип и Мартин на гости им доаѓа Стефан - Македонецот кој што стои позади YouTube каналот HeatCheck.  На самиот почеток тие со Стефан разговараат накратко за неговата идеја и мотивација за отпочнување на каналот кој денеска брои 465 илјади претплатници (0:00 - 12:20).  После тоа следува драфтот каде четворицата ги бираат најдобрите шутери на сите времиња (12:20 - 01:26:59) пред да ја завршат епизодата со нивните пикови за шампион во НБА лигата за оваа сезона и по една новогодишна резолуција (01:26:59 - 01:35:02). 
01:35:03
December 31, 2020
Епизода #3: Преглед на првата недела на сезоната
Третата епизода на “Без коски“, Ѓорги и Мартин ја започнуваат со краток преглед на првата недела од новата НБА сезона - разговараат за неколку од тимовите кои им оставиле најголем впечаток како и за лудориите на Харден и проблемите на Хјустон (0:00 - 26:46).  После тоа, продолжуваат со дискутирање на изјавата на Адам Силвер за можно проширување на НБА лигата и го даваат своето мислење за тоа кои градови најмногу би одговорале да добијат нова НБА франжиза (26:46 - 44:26).  Епизодата ја завршуваат со доделување на трите награди на неделата - награда за играч, разочарување и изненадување на неделата пред да ги дадат своите (претерани) заклучоци врз основа на само неколку одиграни натревари (44:26 - 01:08:18).
01:08:19
December 28, 2020
Епизода #2: Најава на Западот и драфт со Никлеман
Втората епизода на “Без коски“, Ѓорги, Мартин и Филип ја започнуваат со краток осврт на најновите случувања во НБА лигата и дават свое мислење за новиот договор на Јанис со Бакси (0:00 - 11:04).  После тоа, како што беше најавено и во претходната епизода следува најавата на Западната конференција и таа започнува со Northwest Division и екипите на Денвер, Минесота, Оклахома, Портланд и Јута (11:04 - 34:36), продолжува со Pacific Division и екипите на Голден Стејт, Клиперс, Лејкерс, Феникс и Сакраменто (34:36 - 59:34), и завршува со Southwest Division и екипите на Далас, Хјустон, Мемфис, Пеликанс и Спарс (59:34 - 01:22:22), пред тие да ги дадат нивните прогнози за MVP, DPOY, ROY и кои две екипи ќе играат во финалето (01:22:22 - 01:22:22).  Епизодата ја завршуваат со вториот Без коски Топ 5 драфт и тоа драфт на најдобрите 20 играчи во НБА лигата моментално со нивниот прв гостин - Никола (Никлеман) од “Слободни фрлања“ (01:29:00 - 02:10:59).
02:10:52
December 21, 2020
Епизода #1: Најава на Источната конференција
Првата епизодата на “Без коски“, Ѓорги, Мартин и Филип ја започнуваат со кратко запознавање и претставување на идејата и концептот на самиот подкаст (0:00 - 10:24).  После тоа, тие разговараат за најновите вести од НБА во пресрет на почетокот на 2020/21 сезона, како и последните трејд гласини (10:24 - 26:32).  Најавата на Источната конференција ја започнуваат со Atlantic Division и екипите на Торонто, Бостон, Фили, Бруклин и Њу Јорк (26:32 - 01:01:48), продолжуваат со Central Division и екипите на Милвоки, Индијана, Чикаго, Детроит, Кливленд (01:01:48 - 01:21:37), за да завршат со Southeast Division и екипите на Мајами, Орландо, Вашингтон, Шарлот, Атланта (01:21:37 - 01:41:03).  Епизодата ја завршуваат со првиот Без коски Топ 5 драфт и тоа драфт за најдобрите NBA 2020/21 city jerseys (01:41:03 - 02:01:30).
02:01:31
December 14, 2020