Без коски
By Без коски
Без коскиJan 04, 2021
Епизода #31: Втора рунда од НБА плеј-офот
Триесет и прва епизода на “Без коски“ со Ѓорги, Мартин и Филип.
Епизода #30: Промени во Бостон и НБА плеј-оф
Триесетта на “Без коски“ со Ѓорги, Мартин и Филип - за промените во Бостон и за досегашниот тек на НБА плеј-офот.
Епизода #29: 2020/21 НБА регуларна сезона
Дваесет и девета епизода на “Без коски“ со Ѓорги, Мартин и Филип за регуларната сезона.
Епизода #28: Play-in турнир, топ 5 плејмејкери и AI
Дваесет и осма епизода на “Без коски“ со Ѓорги, Мартин и Филип: play-in турнир, Јокич и Стеф (00:00 - 41:12); најдобрите плејмејкери во лигата (41:12 - 56:38); We Talking About Practice (56:38 - 01:13:11).
Епизода #27: Никси, омилени тимови и играчи
Дваесет и седма епизода на “Без коски“ со Ѓорги, Мартин и Филип: нашите омилени екипи од една сезона (00:00 - 14:38); се што треба да знаете за Никси (14:38 - 43:56); мини драфт: конструкција на еден совршен играч (43:56 - 01:01:36).
Епизода #26: НБА Суперлига, МВП трка и Европејци во НБА
Дваесет и шеста епизода на “Без коски“ со Ѓорги, Мартин и Филип: НБА Суперлига?! (00:00 - 19:25); МВП трка: Јокич vs Стеф vs Ембид (19:25 - 40:57); што би било кога би било: Ол-тајм Европејци vs моментални Европејци (40:57 - 01:01:48); последни вести од лигата (01:01:48 - 01:10:58).
Епизода #25: Црна хроника
Дваесет и петта епизода на “Без коски“ со Ѓорги, Мартин и Филип: Крај на сезоната за Нагетс (00:00 - 18:00); дали Олдриџ е хол-оф-фејмер? (18:00 - 38:45); Steph Curry appreciation time (38:45 - 52:05); последни вести од лигата (52:05 - 01:03:22).
Епизода #24: Одбројувањето до плејофот започнува
Дваесет и четврта епизода на “Без коски“ со Ѓорги и Мартин: Историска вечер во НБА лигата (00:00 - 06:15); последни месец дена пред плејоф (06:15 - 22:51); Дурент не го интересираат титули повеќе (22:51 - 30:31); сите сакаат во Ел Еј, Ален Ајверсон приказна (30:31 - 41:21); преглед на индивидуални перформанси (41:21 - 48:49).
Епизода #23: Милвоки Бакс и иднината на лигата
Дваесет и трета епизода на “Без коски“ со Ѓорги, Мартин и Филип: Мартовско лудило vs НБА регуларна сезона (00:00 - 07:00); Милвоки Бакс (07:00 - 20:45); последни месец ипол дена пред плејоф (20:45 - 31:18); сите сакаат во Ел Еј, Њу Јорк и Мајами (31:18 - 46:40); Едвардс - руки на годината? (46:40 - 59:17).
Епизода #22: Најдобрите 10 екипи во НБА лигата
Дваесет и втора епизода на “Без коски“ со Ѓорги, Мартин и Филип: power ranking на најдобрите 10 екипи пост трејд дедлајнот.
Епизода #21: Леброн аут, трејд дедлајн и NCAA
Дваесет и прва епизода на “Без коски“ со Ѓорги и Мартин: Леброн е повреден (00:00 - 14:05); што ќе се случи на трејд дедлајнот (14:05 - 49:30); Мартовско лудило (49:30 - 01:00:35).
Епизода #20: Каде ќе завршат Олдриџ, Оладипо...?
Дваесета епизода на “Без коски“ со Ѓорги, Мартин и Филип: Олдриџ ги напушта Спарси (00:00 - 21:40); Каде ќе завршат Оладипо и Лаури? (21:40 - 31:37); трката за МВП (31:37 - 45:17); Кармело го помина Олајџувон и другите вести од лигата (45:17 - 01:02:27).
Епизода #19: Ол стар, Грифин во Нетс и Hall of Fame
Деветнаесета епизода на “Без коски“ со Ѓорги, Мартин и Филип: импресии од Ол старот (00:00 - 22:01); Блеј Грифин во Нетс (22:01 - 34:01); Мајрс Ленард (34:01 - 40:31); Hall of Fame дебата (40:31 - 57:00); March Madness (57:00 - 01:02:43).
Епизода #18: Сè што треба да знаете за Ол старот
Осумнаесета (специјална) епизода на “Без коски“ со Ѓорги и Мартин: Мајк Конли наместо Марк Гасол (00:00 - 06:15); Skills Challenge (06:15 - 11:15); 3pt Contest (11:15 - 16:00); Slam Dunk Contest (16:00 - 22:03); самата Ол стар утакмица (22:03 - 35:22).
Епизода #17: Oл стар резерви и вести од лигата
Седумнаесета епизода на “Без коски“ со Ѓорги, Мартин и Филип - за Ол стар резервите и првичното изоставување на Сабонис, Ибра vs Леброн и другите најважни вести од лигата.
Епизода #16: Лилард vs Лука, ЛеБрон и трејдови
Шеснаесетта епизода на Без коски со Ѓорги, Мартин и Филип: Ол стар петорки и прашањето дали Лилард треба да е пред Лука стартер (00:00 - 14:30); ЛеБрон и Крис Пол пишуваат историја (14:30 - 34:50); 50ки за Мареј и Ембид, Казнс не е повеќе дел од Хјустон, кој ќе заврши во Лејкерси и што им треба на Селтикси (34:50 - 01:06:01).
Епизода #15: Сите шутираат тројки во НБА лигата
Петнаесетта епизода на “Без коски“ со Ѓорги, Мартин и Филип - за шутирањето тројки, големите проценти, негледливоста на регуларната сезона.
Епизода #14: Ол Стар, Далас и трејд гласини
Четиринаесеттата епизода на “Без коски“ Ѓорги, Мартин и Филип ја започнуваат со разговор за најновите случувања во лигата - разговараат за пресекот на гласовите за Ол старот, Никси како највредна франшиза во лигата и Далас Маверикс и Лука (00:00 - 35:50).
Епизодата ја завршуваат со најинтересните тред гласини во моментот - што ќе направат Фила, Бостон и Нетси до крајот на трејд периодот (35:50 - 01:15:31).
Епизода #13: Време е за нашите Ол Стар петорки
Тринаесетта епизода на “Без коски“ Ѓорги, Мартин и Филип ја започнуваат со разговор за најновите случувања во лигата - разговараат за трејдот на Пистонси и Никси, коментарите на Кеј Ди за протоколите на лигата и коментарите на Леброн за Ол старот (00:00 - 23:25).
После тоа, го посветуваат главниот дел од подкастот во градење на нивните Ол стар петорки и резерви (23:25 - 50:10).
Епизодата ја завршуваат со предвидување како ќе помине Суперболот и разговараат дали Том Брејди е поголем GOAT од сите GOATS (50:10 - 57:54).
Епизода #12: NBA Power Rankings
Дванаесеттата епизода на “Без коски“ Ѓорги, Мартин и Филип ја посветуваат на анализирање на досегашниот дел на сезоната преку power rankings на сите 30 тимови во лигата.
Специјал: Една година без Коби Брајант
Специјална епизода на “Без коски“ со Ѓорги и Мартин по повод една годишнина од прераната смрт на Коби Брајант.
Епизода #11: Најдобрите три екипи на Западот
Единаесеттата епизода на “Без коски“ Ѓорги и Мартин ја започнуваат со разговор за најновите случувања во лигата - поминуваат низ играчите кои се нови на листата на повредени или оние кои се враќаат од повреди и разговараат за трејдот на Кевин Портер Џуниор од Кавс во Рокетс (00:00 - 12:07).
После тоа, го посветуваат главниот дел од подкастот да ги изанализраат трите најдобри екипи на Западот - Јута Џез (12:07 - 29:15), Клиперс (29:15 - 43:02) и Лејкерси (43:02 - 01:01:45).
Епизодата ја завршуваат со доделување на трите награди на неделата - награда за играч, разочарување и изненадување на неделата (01:01:45 - 01:13:56).
Епизода #10: Ридрафт на НБА драфтот од 2013
Во десетата епизода на “Без коски“ Ѓорги, Мартин и Филип направија ридрафт на можеби и најлошиот драфт во последните 20 години во НБА лигата - оној од 2013 година.
Епизода #9: Неделата позади нас, Харден во Нетс
Деветата епизода на “Без коски“ Ѓорги, Мартин и Филип ја започнуваат со разговор за најновите случувања во лигата - поминуваат низ играчите кои се нови на листата на повредени или оние кои се враќаат од повреди и разговараат за исчезнувањето на Кајри (00:00 - 09:36).
После тоа, го посветуваат главниот дел од подкастот да го изанализраат блокластер трејдот после кој Џејмс Харден е нов играч на Бруклин Нетс (09:36 - 40:37), пред да се префрлат со разговор за досегашната игра на Торонто Рапторс (40:37 - 52:09).
Епизодата ја завршуваат со доделување на трите награди на неделата - награда за играч, разочарување и изненадување на неделата (52:09 - 01:01:03) и плејофот во НФЛ лигата (01:01:03 - 01:09:43).
Епизода #8: Играчи без титула со Скратен Корнер
Во осмата епизода на “Без коски“ на Ѓорги, Мартин и Филип на гости им дојдоа Кирил и Влатко од фудбалскиот подкаст “Скратен Корнер“.
На самиот почеток тие со нив разговараат за нивниот подкаст - идејата и реализацијата позади него (0:00 - 09:01).
После тоа следува драфтот каде петорицата маратонски ги бираат најдобрите играчи што играле и/или се уште играат во НБА лигата кои играчи немаат освоено НБА титула (09:01 - 02:25:33).
Епизода #7: Третата недела во НБА е позади нас
Седмата епизода на “Без коски“ Ѓорги, Мартин и Филип ја започнуваат со разговор за најновите случувања во лигата во однос на проблемите со кои тимовите се соочуваат со пропуштањето на натпревари поради КОВИД-19 (00:00 - 16:25).
После тоа, тие продолжуваат со дискутирање на три тима кои нив им оставија најголем впечаток изминатата недела - Голден Стејт Вориорс (16:25 - 27:20), Филаделфија 76ерс (27:20 - 36:13) и Никси (36:13 - 47:10).
Епизодата ја завршуваат со доделување на трите награди на неделата - награда за играч, разочарување и изненадување на неделата (47:10 - 56:56), пред да се осврнат на плефојот во НФЛ лигата (56:56 - 01:03:12).
Епизода #6: Најдобрите европски играчи во НБА со Стречерси
Во шестата епизода на “Без коски“, на Ѓорги и Мартин на гости им дојдоа Мите и Елдан од НБА вебшоуто на македонски јазик - Стречерс.
На самиот почеток тие со Стречерси разговараат за идејата и реализацијата на шоуто, Никси и моменталната распределба на силите во НБА лигата (0:00 - 27:53).
После тоа следува драфтот каде четворицата ги бираат најдобрите европски играчи што играле и/или се уште играат во НБА лигата и дискусијата каде треба Кукоч, Дражен, Дирк и останатите да бидат на листата на најдобри играчи од Европа во лигата (27:53 - 01:45:59).
Епизода #5: Изминатата недела во НБА лигата
Петтата епизода на “Без коски“ Ѓорги, Мартин и Филип ја започнуваат со краток преглед на најважните вести кои ни доаѓаат од НБА лигата пред да го дадат своето мислење за изјавата дадена од Ченинг Фрај, поранешен НБА играш и шампион со Кливленд, кој изјави дека не постои екипа во лигата моментално која може да ги порази Голден Стејт со Стеф, Клеј и Кеј Ди (00:00 - 20:07).
После тоа, тие продолжуваат со дискутирање на три тима кои нив им оставија најголем впечаток изминатата недела - Феникс Санс (20:07 - 27:30), Денвер Нагетс (27:30 - 35:24) и Хјустон Рокетс (35:24 - 46:37).
Епизодата ја завршуваат со доделување на трите награди на неделата - награда за играч, разочарување и изненадување на неделата (46:37 - 01:00:39).
Епизода #4: Шутерски драфт со Стефан HeatCheck
Во четвртата епизода, воедно и последна за 2020, на Ѓорги, Филип и Мартин на гости им доаѓа Стефан - Македонецот кој што стои позади YouTube каналот HeatCheck.
На самиот почеток тие со Стефан разговараат накратко за неговата идеја и мотивација за отпочнување на каналот кој денеска брои 465 илјади претплатници (0:00 - 12:20).
После тоа следува драфтот каде четворицата ги бираат најдобрите шутери на сите времиња (12:20 - 01:26:59) пред да ја завршат епизодата со нивните пикови за шампион во НБА лигата за оваа сезона и по една новогодишна резолуција (01:26:59 - 01:35:02).
Епизода #3: Преглед на првата недела на сезоната
Третата епизода на “Без коски“, Ѓорги и Мартин ја започнуваат со краток преглед на првата недела од новата НБА сезона - разговараат за неколку од тимовите кои им оставиле најголем впечаток како и за лудориите на Харден и проблемите на Хјустон (0:00 - 26:46).
После тоа, продолжуваат со дискутирање на изјавата на Адам Силвер за можно проширување на НБА лигата и го даваат своето мислење за тоа кои градови најмногу би одговорале да добијат нова НБА франжиза (26:46 - 44:26).
Епизодата ја завршуваат со доделување на трите награди на неделата - награда за играч, разочарување и изненадување на неделата пред да ги дадат своите (претерани) заклучоци врз основа на само неколку одиграни натревари (44:26 - 01:08:18).
Епизода #2: Најава на Западот и драфт со Никлеман
Втората епизода на “Без коски“, Ѓорги, Мартин и Филип ја започнуваат со краток осврт на најновите случувања во НБА лигата и дават свое мислење за новиот договор на Јанис со Бакси (0:00 - 11:04).
После тоа, како што беше најавено и во претходната епизода следува најавата на Западната конференција и таа започнува со Northwest Division и екипите на Денвер, Минесота, Оклахома, Портланд и Јута (11:04 - 34:36), продолжува со Pacific Division и екипите на Голден Стејт, Клиперс, Лејкерс, Феникс и Сакраменто (34:36 - 59:34), и завршува со Southwest Division и екипите на Далас, Хјустон, Мемфис, Пеликанс и Спарс (59:34 - 01:22:22), пред тие да ги дадат нивните прогнози за MVP, DPOY, ROY и кои две екипи ќе играат во финалето (01:22:22 - 01:22:22).
Епизодата ја завршуваат со вториот Без коски Топ 5 драфт и тоа драфт на најдобрите 20 играчи во НБА лигата моментално со нивниот прв гостин - Никола (Никлеман) од “Слободни фрлања“ (01:29:00 - 02:10:59).
Епизода #1: Најава на Источната конференција
Првата епизодата на “Без коски“, Ѓорги, Мартин и Филип ја започнуваат со кратко запознавање и претставување на идејата и концептот на самиот подкаст (0:00 - 10:24).
После тоа, тие разговараат за најновите вести од НБА во пресрет на почетокот на 2020/21 сезона, како и последните трејд гласини (10:24 - 26:32).
Најавата на Источната конференција ја започнуваат со Atlantic Division и екипите на Торонто, Бостон, Фили, Бруклин и Њу Јорк (26:32 - 01:01:48), продолжуваат со Central Division и екипите на Милвоки, Индијана, Чикаго, Детроит, Кливленд (01:01:48 - 01:21:37), за да завршат со Southeast Division и екипите на Мајами, Орландо, Вашингтон, Шарлот, Атланта (01:21:37 - 01:41:03).
Епизодата ја завршуваат со првиот Без коски Топ 5 драфт и тоа драфт за најдобрите NBA 2020/21 city jerseys (01:41:03 - 02:01:30).