Brainster
By Brainster.co
BrainsterJun 18, 2019
00:00
37:32
Data Science 101 со тим Pendulibrium
Во четвртата епизода од Brainster подкастот поразговаравме со Симона Ивановска, Давид Симеоновски и Илија Лалковски, познати како тимот Pendulibrium во Web Factory. Зборуваме за нивното учество и одличен пласман на натпреварот Kaggle како и за Data Science и започнување кариера во ова поле.
Годинава предизвикот на Kaggle натпреварот беше да се направи предвидување на трансакциите на потрошувачите (Customer Transaction Prediction) врз база на необработени податоци организиран од Santander Групацијата на Банки од Шпанија. Со нивните пристапи, решенија и 8 неделна анализа на податоците, од над 8800 пријавени тимови завршија на 148 место, и освоија сребрен медал.
Во Brainster месецов започна првата генерација на Академија за Data Science а во тек се пријавувањата за наредните групи кои почнуваат во 2020. Целата програма може да ја пронајдете тука.

Sep 11, 201923:37
Успешен МК продукт: Embed Social
Во денешната епизода на нашиот подкаст Петар Ниновски од Brainster зборува со Никола Бојков и Јане Узуновски од EmbedSocial.
Никола е CEO и еден од коосновачите на компанијата која денес 4-5 години подоцна има тим од 12 луѓе и клиенти како што се CNN, National Geographic.
Јане е еден од првите луѓе кој се приклучи на тимот како кооснувач и денес е фокусиран на промоција на брендот на јапонскиот пазар и развојот на канабис сегментот во целокупното портфолио на клиенти.
Зборуваме за грешките кои сите стартапи ги прават на почеток и дали треба да се чека идеален момет или мораме да дејствуваме веднаш штом имаме некаква идеја.
Сите добронамерни критики и сугестии се добредојдени а оние другите ќе ги игнорираме =). Follow & Share :)
Jun 25, 201942:32
The Future of Tech Belongs to Women
Зборуваме со Ема Ристовска од IT.mk која стои зад мапирањето на ИКТ секторот во Македонија и Александра Христов од Netcetera која веќе 10 години го пробива патот за идните генерации жени во ИТ секторот.
Направивме мал осврт на податоците од истражувањето, со посебен акцент на gender gap-ot во ИКТ секторот во Македонија. Зборувавме и за тоа кои услови се најважни при вработување и дали формалното образование може да се промени доволно за да ги следи новите дигитални трендови и побарувачката на пазарот на труд.
На ова и неколку други прашања одговорите можете да ги слушнете во новата епизода под наслов "The Future of Tech Belongs to Women".
Целото истражување можете да го пронајдете тука.
Покажете ни љубов со кликање на subscribe и share :)
Jun 18, 201937:32
Gen Z & Y
Во првата епизода на подкастот на Brainster, Љупка Наумовска и Дарјан Раденковиќ откриваат како новите генерации влијаат врз дигиталната трансформација на постоечките бизниси.
May 27, 201921:40