Skip to main content
Јустинијан збори

Јустинијан збори

By Јустинијан збори
Добредојдовте на подкастот “Јустинијан збори“ каде што Џоле, Донев, Тромбе и Кате заедно со нивните гости ќе ви зборат за право, политика и сите работи помеѓу.
Listen on
Where to listen
Apple Podcasts Logo

Apple Podcasts

Breaker Logo

Breaker

Castbox Logo

Castbox

Google Podcasts Logo

Google Podcasts

Pocket Casts Logo

Pocket Casts

RadioPublic Logo

RadioPublic

Spotify Logo

Spotify

Kонфликтот помеѓу Израел и Палестина
Во најновата епизода на Јустинијан збори Џоле и Тромбе се соло и разговараат за конфликтот помеѓу Израел и Палестина: почетоците, историјата и најновите случувања и ескалација. Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
46:16
May 19, 2021
ЛДП, младинска политика и Собрание
Во најновата епизода на Јустинијан збори на гости ни Моника Зајкова, потпретседателка на ЛДП и пратеничка. Со неа, разговаравме за либерално демократската партија, младинска политика, младите во политика, како и за нејзината работа во Собранието.  Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:23:27
May 5, 2021
Црвен крст во Македонија
Во новата епизода на Јустинијан збори на гости ни дојде нашата колешка од политичките студии на Правен - Кристина Георгиевска за да ни каже нешто повеќе за Црвен крст во Македонија. Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:01:01
April 28, 2021
Пост-мортем на Суперлигата со Скратен Корнер
Во најновата (вонредна) епизода на Јустинијан збори разговаравме со Кире и Влатко од фудбалскиот подкаст „Скратен Корнер“. Со нив ја дискутиравме Суперлигата и причините за истата, како и за нејзиниот прекин после само два дена и поразговаравме за УЕФА и тоа каде е фудбалот денеска. Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:17:03
April 24, 2021
Шарена револуција: пет години подоцна
Во новата епизода на Јустинијан збори за гостин го имаме Стефан Видиков - поранешен студентски активист и еден од основачите на „Студентски пленум“. Со него поразговаравме за почетоците на „Шарената револуција“, целите и активностите, како и моменталната ситуација кај нас во државата и се обидовме да дадеме одговор дали има светло на крајот од тунелот за Македонија. Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:40:05
April 21, 2021
Сподели авторка, Stella Network и менторство
Во најновата епизода на Јустинијан збори на гости дојде Сара Миленковска - активистка, феминистка и политиколог, како и ко-основачка на мрежата „Стела“. Со неа разгоараме за иницијативата „Сподели авторка“, идејата позади Стела, како и за важноста од менторство. Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:05:23
April 14, 2021
Со Ева за УСС и годината што предстои
Во живо интервју со претседателката на УСС - УКИМ, Ева Цветковска. Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
48:43
April 7, 2021
Една година Јустинијан збори
Една година после првата епизода на подкастот Џоле, Тромбе, Донев и Кате за прв пат во живо разговараат за почетоците, идејата околу подкастот, плановите за во иднина и многу други работи. Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:04:52
April 1, 2021
За правните студии на Правен со Ева и Кики
Во најновата епизода на подкастот, а воедно и последна за студиите на Правен, гости ни се колешките од правните студии - Ева Цветковска и Христина Балканов со кои разговаравме за сите работи поврзани со студиите. Пред самиот почеток на разговорот со нив, Џоле и Тромбе  ги избираат нивните пикови за hot seat и cool throne за изминатите неколку дена. Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
55:26
March 28, 2021
За студиите по односи со јавност
Во најновата епизода на подкастот гости ни се колешките од студии по односи со јавност на Правен - Евгенија Јанакиеска и Марија Стојанова со кои разговаравме за сите работи поврзани со студиите. Пред самиот почеток на разговорот со нив, Џоле и Зорана ги избираат нивните пикови за hot seat и cool throne за изминатите неколку дена. Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:12:45
March 26, 2021
За новинарските студии на Правен факултет
Во најновата епизода на подкастот гости ни се колешките од новинарските студии на Правен - Александра Субашиќ и Габриела Лескова со кои разговаравме за сите работи поврзани со студиите. Пред самиот почеток на разговорот со нив, Џоле и Мартин ги избираат нивните пикови за hot seat и cool throne за изминатите неколку дена. Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:26:28
March 24, 2021
За политички на Правен со Делина и Данило
Во најновата епизода на подкастот гости ни се колегите од политички на Правен - Делина Хајрадиновиќ и Данило Крстовски со кои разговаравме за сите работи поврзани со студиите (на македонски и англиски јазик). Пред самиот почеток на разговорот со нив, Џоле, Тромбе, Кате и Донев ги избираат нивните пикови за hot seat и cool throne за изминатите неколку дена. Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:40:20
March 21, 2021
Што се случува со студентското организирање?
Во новата епизода на Јустинијан збори одиме повторно соло и разговараме за изминатата година од аспектот на студентското организирање - за факултетските студентски собранија, УСС, заинтересираноста на студентите и нашите очекувања за во иднина. Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
51:31
March 17, 2021
Со Радован за софократија и демократија
Во новата епизода на подкастот гостин ни е студентот Радован Спиридонов со кого поразговаравме за демократијата, софократијата, филозофијата и се измеѓу. Пред самиот почеток на разговорот со Радован, Донев и Џоле ги избираат нивните пикови за hot seat и cool throne за изминатите неколку дена. Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:29:16
March 14, 2021
Најлошите политичари на Балканот
Во новата епизода на Јустинијан збори одиме соло и правиме Mt Rushmore на најлошите политичари на Балканот од распадот на Југославија (1990 - денес). Пред да навлеземе во избирањето лоши политичари, имаме нов сегмент наречен hot seat и cool throne со кој ја започнавме оваа епизода, а планираме со сегментот да ги започнеме и сите следни епизоди. Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:08:34
March 10, 2021
Зошто Осми март со Јована од Еквалис
Во новата епизода на Јустинијан збори за гостинка ја имаме Јована Богдановиќ - граѓанска активистка од невладината Еквалис. Со неа, поразговаравме за нејзините и активностите на Еквалис, историското значење на Осми март, моменталната ситуација, како и за перформативниот активизам и важноста од едукација за историските настани и процеси. Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
55:35
March 7, 2021
#ШтоПравиМВР, попис, вакцини и Бајден
Во најновата епизода на подкастот одлучивме да поразговараме за некои од најинтересните случувања од минатата недела - од најавата за протести по повод #ШтоПравиМВР, преку почетокот на пописот, немањето вакцини, па се до најновите случувања на полето надворешна политика на САД. Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
44:23
March 3, 2021
Избори и изборни модели во Македонија
Во новата епизода на Јустинијан збори за гостинка ја имаме Викторија Тодоровска - студентка од политичките студии на Правниот факултет. Со неа, поразговаравме за изборите и важноста од изборните модели, како различни модели на гласања и транслација на гласовите би функционирале кај нас, како и за политичките партии во Македонија, нивната идеологија и учествотото на младите во политичките процеси. Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:13:31
February 28, 2021
Анализа на јавното мислење за процесот на интеграции
Во најновата епизода на Јустинијан збори на гости ни дојде проф. д-р Иван Дамјановски, професор на политички науки на Правниот факултет во Скопје. Со него, поразговаравме за неговата анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија. Анализата можете да ја најдете овде: bit.ly/3pOeyTe Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:04:16
February 24, 2021
Mt Rushmore на лидери со Мартин и Зорана
Во најновата епизода на Јустинијан збори правиме Mount Rushmore на лидери (полтички, историски, моментални, фиктивни) заедно со Мартин и Зорана. Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:25:22
February 21, 2021
Конференција за климатските промени
Во новата епизода на Јустинијан збори на гости дојдоа Матеа Шошкиќ, Миле Блануша и Елена Фодулова - студенти од политичките студии на англиски јазик на Правен кои се дел од симулацијата на конференцијата за климатски промени организирана од Go Green и Британската амбасада. Со нив разговаравме за конференцијата за климатски промени, важноста од истата, Go Green, како и за политичките студии на англиски јазик на Правниот факултет.  Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
46:53
February 19, 2021
Изборите во Косово, Албин Курти и Балкан
Во најновата епизода на Јустинијан збори на гости дојде Влора Речица - истражувачка и програмска менаџерка во Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во Скопје и алумна на политичките студии на Правен. После воведниот дел каде за прв пат на подкастот се појавуваат Зорана и Мартин, им се приклучи Влора (09:00) со која разговара за штотуку завршените избори во Косово, моменталната ситуација таму, Албин Курти и Ветвендосје, како и за импактот на изборните резултати врз целиот Балкан. Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
47:58
February 17, 2021
Иницијативата „Мисли Малце“ со Елена Савеска
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Кате, Тромбе и Донев на гости им дојде студентката и активистка Елена Савеска, личноста позади иницијативата „Мисли Малце“. После воведниот дел каде тие сами го дискутираат снегот кој повторно нѐ изненади, им се приклучи Елена (05:15) со која поразговараа за идејата околу „Мисли Малце“, фидбекот од самата иницијатива, за состојбата кај нас во државата и проблемите со кои се соочуваат младите кај нас. Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
48:26
February 14, 2021
Оргии, Кенеди, Хамилтон, Тито и Курт Кобејн
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Кате, Тромбе и Донев во гости им доаѓа брат му на Џоле - Мартин, со кого тие прават Mount Rushmore на историски настани на кои тие би сакале да бидат таму.  Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:25:45
February 10, 2021
Мјанмар, Јемен и реформите во Македонија
Во најновата епизода на Јустинијан збори Џоле, Тромбе, Донев и Кате прават рекапитулација на некои од поважните случувања од неделата која е позади нас - државниот удар во Мјанмар и протестите во Русија (08:45 - 23:05), одлуката на Бајден да ја прекине поддршката за војната во Јемен и одлуката Невада да им даде на технолошките компании да формираат локални самоуправи (23:05 - 33:40), како и за почетокот на јавната расправа за реформите во образованието кај нас и воведувањето на недела како неработен ден (33:40 - 48:52). Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
48:53
February 7, 2021
Пазар на акции, GameStop и Вол Стрит со Боро
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Тромбе и Донев во гости повторно им доаѓа можеби и најдобриот пријател на подкастот - Борјан Ефтимов, овој пат во улога на студент по деловно право. Причината за тоа се најновите случувања на Вол Стрит а се поврзани со пазарот на акции, GameStop и битката на малиот човек со естаблишментот. Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
47:04
February 3, 2021
Јавна соба и зошто “Едуцирај го син ти“ со Ната
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Кате, Тромбе, Донев и Џоле во гости повторно им доаѓа добрата пријателка на подкастот Наталија Крстевска со која разговараат за сите случувања поврзани со случајот “Јавна соба“, причината зошто треба да биде “Едуцирај го син ти“ и сите други работи поврзани со се она што се случуваше изминатата недела. Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
47:30
January 31, 2021
Државна матура со Бленди и Лука
Во најновата (јубилејна #50) епизода на Јустинијан збори на Џоле, Тромбе и Донев во гости им доаѓат Бленди Ходаи и Лука Павиќевиќ од Сојузот на средношколци. После воведниот дел каде тие разговараат за јубилејот од 50 епизоди, им се приклучија Бленди и Лука (07:12) со кои разговараа за моменталната ситуација со државната матура и бојктотот на матурантите, односот на МОН, како и за државната матура како концепт. Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:07:43
January 27, 2021
За јазикот и лингвистиката со Нина и Викторија
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Тромбе, Кате и Донев во гости им доаѓат Нина Тунтева и Викторија Блажеска од блогот за лингвистика на македонски јазик - Јазичарница. После воведниот дел каде тие сами го дискутираат виралното меме на Берни, им се приклучија Нина и Викторија (08:05) со кои разговараа за идејата и реализацијата на Јазичарница, македонскиот јазик, дијалекти и лингвистика. Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:18:16
January 24, 2021
Сексуално насилство и недостатокот на емпатија
Во најновата епизода на Јустинијан збори Кате, Џоле и Тромбе разговараат за најновите случувања кои доаѓаат од Србија а се поврзани со случајот каде актерката Милена Радуловиќ излезе во јавноста и зборуваше за сексуалното насилство врз која таа и други биле изложени од страна на познатитот учител по глума од Белград, Мика Алексиќ. Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
46:46
January 20, 2021
Со Калина и Андреј за Култура Бета
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Тромбе, Кате и Донев во гости им доаѓат Андреј Медиќ Лазаревски и Калина Качоровска од младинската иницијатива Култура Бета. После воведниот дел каде тие сами ги дискутираат вториот импичментот на Трамп, им се приклучија Андреј и Калина (10:30) со кои разговараа за идејата и реализацијата за и околу Култура Бета, состојбата на културата во Македонија, важноста од учеството на младите во истата, како и за нивните планови во 2021 година.  Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
52:58
January 17, 2021
Капитол Хил, импичмент, Твитер и цензура
Во најновата епизода на Јустинијан збори Џоле, Тромбе, Донев и Кате прават рекапитулација на сите случувања од изминатата недела во САД - од насилниот упад во Капитол Хил, преку процесот на импичмент за Трамп и неговото суспендирање од сите социјални медиуми, па се до победата на демократите во Џорџија и превземањето на Сентатот.  Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:18:08
January 13, 2021
Новогодишна епизода
Во последната епизода на Јустинијан збори за 2020 година на гости на Џоле, Донев, Тромбе и Кате им дојдоа Борјан, Ангела, Дени, Мими и Ива со кои тие направија една рефлексија на 2020 година (00:00), ги доделија првите “Јустинијан збори награди“ (25:33) и на крај си ги кажаа нивните New Years resolutions (01:58:45). Огромна епизода (најголема до сега) ама дефинитивно вреди да се ислуша до крај.
02:11:28
December 30, 2020
Читање коментари за кексуално образование со Ната, Кате и Тромбе
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Тромбе и Кате им се придружи Наталија Крстевска и заедно даваат свој коментар на коментарите оставени по социјалите медиуми а кои се однесуваат на воведувањето на сеопфатно сексуално образование.  Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
48:10
December 23, 2020
Дизајн и политички маркетинг со Иво Дамјановски
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Тромбе, Кате и Донев во гости им доаѓа Иво Дамјановски, дизајнер и најголемиот виновник за тоа како Јустинијан збори изгледа на социјалните медиуми. После воведниот дел каде тие сами ги дискутираат најавените реформи во образованието, им се приклучува Иво (15:35) со кој Џоле и Донев разговараат за дизајнот на самиот подкаст, процесот на Иво при дизајнирање, минимализам како и дизајнот и брендирањето како важен дел од една политичка кампања.  Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:00:10
December 20, 2020
Јанаков и ССО - лов на вештерки?
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Тромбе, Кате и Донев одат соло и разговараат за две теми кои во последните неколку недели кај нас се доста актуелни - тужбата на Коалиција Маргини против учебник од високо образование врз основа на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и сеопфатно сексуално образование (ССО). Откако во воведниот дел Донев ни го претстави симпозиумот кој што Универзитетското студентско собрание го организира за спорот со Република Бугарија, прво поразговаравме за учебникот и контроверзите околу оваа тема (04:27), па потоа Кате, како некоја директно вклучена во процесот за ССО, ни објасни во детали што ССО е а што не е и поразговаравме за стереотипите кои се присутни во јавноста по ова прашање (26:35). Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
53:47
December 16, 2020
За книгите и читањето со “Читачот“
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Тромбе, Кате и Донев во гости им доаѓа Александар Маџаровски, човекот кој што стои позади YouTube каналот “Читачот“. Со него, тие разговараат за неговата мотивација позади формирањето на каналот и содржините кои тој ги прави таму, за книгите и читањето, како и за моменталната состојба во Македонија по овој поглед. Ја завршивме епизодата со неколку предлози од Алек за тоа што би можеле да прочитаме во нашето слободно време. “Читачот“ можете да го пронајдете на youtube.com Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:06:28
December 13, 2020
За студентските работи со Зумро и Симе
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Тромбе и Донев за гости ги имаат колегите од Правниот факултет во Скопје - Кристијан Зумровски и Симеон Јанев. Бидејќи Кристијан е досегашниот претседател на Факултетското студентско собрание на Правен а Симеон ќе биде идниот претседател на собранието, со нив тие збореа за минатонеделните избори на Правен, досега сработеното на ФССПФ, како и плановите за во иднина. Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:04:19
December 9, 2020
Медуза, родовата (не)еднаквост и напредокот на феминизмот кај нас
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Кате, Џоле, Тромбе и Донев за гостинка ја имаат Калиа Димитрова - координаторка и главна уредничка на првата феминистичка платформа на македонски јазик – Медуза. Епизодата започнува со мала рекапитулација на изборите за членови и претседател на Факултетското студентско собрание на Правен. Потоа следува разговорот со Калиа (од 08:12 минута) со која тие разговараат за формирањето на феминистичката платформа Медуза, родовата (не)еднаквост, како и состојбата на феминизмот во Македонија.  Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
46:36
December 6, 2020
Од архивата на Јустинијан збори: Notorious RBG
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Тромбе, Кате и Донев се враќаат назад во времето (околу 2 ипол месеци) кога всушност и беше снимена во голем дел оваа епизода но поради технички причини никогаш не беше објавена. Па така, откако во воведниот дел тие разговараат за штотуку завршената дебата за претседател на Факултетското студентско собрание на Правен, имате можност да ги слушнете Кате, Донев и Џоле како разговараат за Рут Бејдер Гинзбург и нејзиното место во историјата (07:40).  Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:03:53
December 2, 2020
Подкаст за подкасти со Дарко Булдиоски
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Тромбе, Кате и Донев во гости им доаѓа Дарко Булдиоски, основач на NewMediaMK, програмски директор на AllWeb конференциите и домаќин на подкастот "#Комкаст". Со него, тие разговараат за подкасти, подкасти и повеќе подкасти - од идејата и предизвиците со водењето на Комкаст уште од 2011 година, подкаст културата кај нас, па се до тоа што се е потребно за еден добар подкаст. #Комкаст можете да го пронајдете на komunikacii.net Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
55:15
November 29, 2020
Легализација на марихуаната во Македонија со Јанаки Митровски
Во најновата епизода на Јустинијан збори, Џоле, Тромбе и Донев за гостин го имаат адвокатот Јанаки Митровски со кого разговараа за легализацијата на марихуаната кај нас, како и за одреден број други работи кои произлегоа од самата дискусија. Оваа епизода започнува со мал осврт на најновите случувања со изборите во САД и конечното отпочнување на процесот на смена на претседателот таму. Разговорот со Јанаки започнува од 11:30.  Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:18:58
November 25, 2020
Состојбата на новинарството во Македонија
Во најновата епзиода на Јустинијан збори, Џоле и Тромбе за гости ја имаат Теодора Цветковска - новинар во ТВ Телма и (сѐ уште) студентка на новинарските студии на Правниот факултет. Главна тема на разговор во оваа епизода е новинарството кај нас. Тие со неа разговараат како таа и нејзините колеги се снаоѓаат со пандемијата (01:25), новинарските студии на Правен (09:43), што значи да се биде млад новинар кај нас (18:18), како и состојбата на новинарството во Македонија (31:15). Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
51:10
November 18, 2020
Абортус: аргументот за pro-life
Во најновата епзиода на Јустинијан збори, Кате, Џоле, Донев и Тромбе за гости го имаат Кристијан Калинов - пастор на евангелско-протестантската црква Гласност. Главна тема на епизода повторно е абортусот, но овој пат со Кристијан разговараме за другата страна од аргументот по ова прашање.  Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:03:25
November 15, 2020
Студентски конференции на УКИМ
Во најновата епзиода на Јустинијан збори, Кате, Џоле, Донев и Тромбе за гости ги имаат претседателот на УСС-УКИМ, Борјан Ефтимов и потпретседателката за наука при УСС-УКИМ, Ангела Најдоска. Главна тема на разговор (започнува од 11:20) во оваа епизода се студентските научно-истражувачки конференции на УКИМ кои само што завршија. Никола со нив разговара за конференциите, плановите за во иднина за УСС и комисијата за наука, како и за потребата од научно-истражувачки можности за студентите во текот на нивното високо образование. Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
42:59
November 11, 2020
Абортус - историја и трендови со Теодора Милеска
Во најновата епзиода на Јустинијан збори, Кате, Џоле, Донев и Тромбе за гости ја имаат Теодора Милеска - граѓанска активистка, студентка на Филозофскиот факултет при УКИМ и дел од Хера Млади. Главна тема на разговор во оваа епизода е абортусот. Тие со неа разговараат за нивните гледишта околу абортусот, историјата, како кај нас така и во светот, и најновите трендови во државите во Европа и САД. Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
58:15
November 1, 2020
Латинска Америка, Полска и избори во САД
После подолга пауза, Јустинијан збори со нова епизода каде што Џоле, Донев, Тромбе и Кате ги дискутираа политичките случувања во светот. Најпрвин, тие разговараа за најновите случувања во Болвија и Чиле и победите на левицата во овие две држави (07:41). Потоа следува делот каде што тие разгледаа што се случува во Полска и масовните протести таму (28:10). Епизодата ја завршија со разговор за изборите во САД и назначувањето на Емји Кони Берет во Врховниот суд на САД (36:41). Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:16:52
October 28, 2020
8 Септември, Македонија и Берни Сандерс
Во најновата епизода на Јустинијан збори, прва во полн состав - Џоле, Тромбе, Донев и Кате зборуваа за значањето на 8 Септември и нашите мислење за тој ден . Тие поразговараа за осамостојувањето на Македонија, користењето на Северна Македонија, но и за Берни Сандерс кој исто така вчера славеше роденден (10:00). Епизодата ја завршија со разговор за состојбата на демократијата во светот, промената на системот и новиот Сити Мол во Штип (29:22).  Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:01:11
September 9, 2020
Левица против десница
Во најновата епизода на Јустинијан збори, на Џоле, Тромбе и Донев им се придружи Бојан Никовски, студент на политички студии на македонски јазик при Правниот факултет во Скопје. Со него, тие поразговараа за малата историја која Бојан ја има со подкастот, идеите негови за студентско здружување и младински активизам, како и различните идеолошки гледишта. Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:43:02
September 2, 2020
Белорусија и идеологијата на Јустинијан збори
Во најновата епизода (прва со Кате како co-host) на Јустинијан збори, Џоле, Тромбе и Кате одлучија да зборуваат за најновите настани во Белорусија и протестите кои се случуваат таму во моментот. Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:18:27
August 26, 2020
Договор за нова влада, одлука за учебната година, Бајден/Херис
Во најновата епизода на Јустинијан збори, Џоле, Донев и Тромбе одлучија да одат соло и да ги покријат најновите вести за некои од работите за кои збореа на подкастот во изминатите неколку недели - образование (05:03), политичката состојба во државата (14:15) и Џо Бајден и Камала Херис (38:38). Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
58:43
August 19, 2020
Состојбата на образованието во Македонија
Во оваа епизода на Јустинијан збори, Џоле, Донев и Тромбе се придружени од Ана Попризова, писохолог во скопската гимназија “Орце Николов“ (03:00) и Лука Павиќевиќ, средношколец и член на Сојузот на средношколци (40:22). Со нив, тие разговараат за моменталната состојба на образованието во државата, нивните мислења за и против онлајн настава, како и за работењето на МОН во изминатите неколку месеци.  Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:18:41
August 16, 2020
Трамп против Бајден
Во најновата епизода на Јустинијан збори, Џоле и Тромбе се придружени од Борјан Ефтимов и зборуваат за најновите случувања во САД поврзани со изброрите кои треба да се оддржат на 3 ноември. Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:15:26
August 12, 2020
Светски обединети колеџи и студирање во странство
Во најновата епизода на подкастот, гости ни се Кристијан Фидановски и Андреј Антуновиќ од Светските обединети колеџи (United World Colleges) Македонија. Со нив, поразговаравме за UWC и што претставува нивната организација, нивните лични искуства како ученици на UWC (15:18) и како тоа тие се вклучиле во UWC (39:15), како и за тоа како е да се студира во странство (45:53). И да, завршивме со тоа зошто Кристијан не го сака Новак Ѓоковиќ (60:53).  Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:11:36
August 9, 2020
Студентски научно-истражувачки конференции на УКИМ
Во првата епзиода по паузата, Џоле, Донев и Тромбе за гости ги имаат координаторите на студентските научно-истражувачки конференции на УКИМ организирани од комисијата за наука при Универзитетското Студентско Собрание - УКИМ (УСС-УКИМ) и факултетските студентски собранија. Епизодата ја започнуваме со Ангела Најдоска, претседателка на комисијата за наука при УСС-УКИМ, со која зборуваме генерално за конференциите, иницијативата позади нив, како и плановите за во иднина. После тоа ни доаѓаат координаторките на конференциите НИСКЕП и МЕЕТ (10:45), СКЕЕОР и СКГКП (26:24) и СКУН и СНКН (39:52). Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
56:53
August 5, 2020
Избори и политичка култура со Ненад Марковиќ
Во новата епзиода на Јустинијан Збори, Џоле, Донев и Тромбе за гостин го имаат проф. д-р Ненад Марковиќ од политички студии на Правниот факултет “Јустинијан Први“. Со него, тие зборуваат за резултатите (01:06) и легитимитетот (12:36) на завршените предвремени парламентарни избори минатата недела. Исто така, професорот Марковиќ збори и за политичката култура кај нас (19:14) и ни го дава своето мислење за промената на изборниот модел во една изборна единица (43:42). Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
55:13
July 22, 2020
Средношколски сојуз и проблеми во образовнието
Во четвртата и последна предизборна епзиода на Јустинијан Збори, Џоле и Донев се придружени од Лука Павиќевиќ и Дејана Маркова од Средношколскиот сојуз на РСМ.  Со нив, тие разговараа за проблемите во средното образование, работата на сојузот на национално и локално ниво, односот на власта кон образованието, и меморандумот на сојузот со политичките партии. Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
48:10
July 12, 2020
Предизборен подкаст: Мила Царовска, СДСМ
Во третата предизборна епизода на Јустинијан збори, Џоле, Донев и Тромбе ја имаа можноста да разговараат со Мила Царовска, вицепремиерка за економски прашања и носителка на листата на кандидати за пратеници во ИЕ1 на коалицијата “Можеме“ предводена од СДСМ.  Со неа, тие зборуваа за нејзините почетоци во политиката, вредностите врз кои се базира програмата на СДСМ, голем број на различни политики, за изборниот процес и изборната кампања, како и за улогата на жените во политиката. Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
38:02
July 11, 2020
Предизборен подкаст: Тимчо Муцунски, ВМРО-ДПМНЕ
Во втората предизборна епзиода на Јустинијан Збори, Џоле, Донев и Тромбе на гости им дојде доц. д-р. Тимчо Муцунски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ и втор на листата на кандидати за пратеници во ИЕ1.  Со него, тие поразговараа за неговите почетоци во политиката, идеологијата и вредностите врз кои се базира програмта на ВМРО-ДПМНЕ, голем број на различни политики, како и за изборниот процес и негативната кампања. Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:02:48
July 10, 2020
Избори, студенти и младинска политика
Во првата предизборна епзиода на Јустинијан Збори, Џоле, Донев и Тромбе беа придружени од претседателите на факултетските собранија на ФЕИТ и Правен Факултет - Дејан Димитриев и Кристијан Зумровски. Со нив, тие поразговараа за работата на собранијата, заинтересираноста на партиите за подобрување на образованието, проблемите со кои се соочуваат студентите и студентскиот стандард, како и за нивните цели и настани во иднина.  Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:05:02
July 8, 2020
Интервју со Кристина Ампева од Гласен Текстилец
Во најновата епзиода на Јустинијан Збори, Џоле, Донев и Тромбе им се придружи Кристина Ампева од Здружението Гласен Текстилец. Со неа, тие поразговараа за формирањето на здружението, состојбата во текстилната индустрија, работничките права за време на и пред вирусот, како и за нивните цели и настани во иднина. Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:08:50
July 1, 2020
Интервју со колегите од ФСС и УСС на УГД
Во најновата епизода на Јустинијан Збори за гости ги имаме Мирко Наџаков - претседател на Универзитетско Студентско Собрание при Универзитет “Гоце Делчев“ во Штип и Иван Димитров - член на Факултетското Студентско Собрание при Правниот факултет на Универзитет “Гоце Делчев“ во Штип.  Со нив Донев зборуваше повеќе за работата на студентските претставнички тела и справувањето со пандемијата. Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
46:41
June 28, 2020
(Не)формално образование, младински активизам и NYU
Во најновата епзиода на Јустинијан Збори, Џоле, Донев и Тромбе им се придружи Стефан Митиќ - матурант од СУГС Гимназија “Орце Николов“, младински активист и иден студент на NYU Abu Dhabi. Со него, тие позборуваа за неговото средношколско искуство (05:03), различните проекти во кој тој бил инволвиран и неговото неформално образование (18:38), како и за плановите на Стефан за во иднина (41:51). Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
48:59
June 24, 2020
Новинарство и фотографија со Арбнора Мемети
Во најновата епзиода на Јустинијан Збори, Џоле, Донев и Тромбе им се придружи Арбнора Мемети - фоторепортерка и студентка на новинарските стдуии на Правниот факултет. Со неа, тие позборуваа за тоа како е да се студира на новинарство (03:31), од каде доаѓа интересот за фоторепортирање (14:54), различните искуства на Арбнора во последните неколку години (17:30) и положбата на фоторепортерите кај нас (25:34), како и тоа како е да се биде на терен за време на светска пандемија(33:27). Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
45:40
June 17, 2020
Студирање на МИС, истражување конфликти, PERIOD.SKOPJE
Во најновата епзиода на Јустинијан Збори, Џоле, Донев и Тромбе за гости ги имаат Теодора Милеска и Ристе Савески - студенти на Филозофскиот факултет при УКИМ, катедра за Меѓународни и интеркултурни студии. Со нив, тие зборуваат како е да се студира на МИС, интересот за истражување на конфликти, конфликтите во Кипар и Каталонија, како и Period.Skopje чиј главен координатор е токму Теодора. Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:22:48
June 10, 2020
Џорџ Флојд, протести, полициска бруталност
Во најновата епзиода на Јустинијан Збори, Џоле, Донев и Тромбе одлучуваат да одат соло и да разговараат за најновите случување кои доаѓаат од САД. Тие зборуваат за видеото кое го обиколи целиот свет, протестите кои уште се во тек, како и проблемот со полициска бруталност во САД но и во Македонија. Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori  Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:23:01
June 3, 2020
Запознај го ФСС на Правен
Во најновата епзиода на Јустинијан Збори, Џоле, Донев и Тромбе за гости ги имаат членовите на Факултетското Студентско Собрание на Правниот факултет - Сања Димовска, Милена Јаневска и Катерина Иванова, како и претседателот на собранието - Кристијан Зумровски (05:54). Со нив, тие зборуваат за формирањето на ФСС, изборите и нивната мотивација за кандидирање и учество во работата на собранието (11:35), работата на многуте комисии (19:51) и нивната визија за следните генерации (49:56). Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:12:22
May 27, 2020
Состојбата во Македонија и интервју со Бленди Ходаи
Во најновата епзиода на Јустинијан Збори, Џоле, Донев и Тромбе зборуваат за понеделничката лидерска средба, што се случува со закажувањето за изборите во државата, како и за најновите информации поврзани со пандемијата. После воведниот дел, им се придружи Бленди Ходаи - средношколец од Тетово и претседател на Сојузот на средношколците на РСМ. Со него, Џоле дискутираше за формирањето на сојузот, импактот во досегашното постоење, односот со МОН и министерот и моменталната ситуација во средното образование (37:45). Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:17:19
May 20, 2020
Македонија, избори во САД, интервју со Ангела Најдоска
Во најновата епзиода на Јустинијан Збори, Џоле, Донев и Тромбе зборуваат за најновите мерки на Владата за враќање во нормала како и за лидерската средба на која “лидерите се договорија допрва да се договараат“ (01:50). Тие исто така се навратија и на изборите во САД и зборуваа за Елизабет Ворен, Берни Сандерс и разликите помеѓу нив (20:30). После воведниот дел, им се придружи Ангела Најдоска - студентка на постдипломски студии на ФЕИТ и претседателка на комисијата за наука при Универзитетското Студентско Собрание при УКИМ. Со неа, тие дискутира за факултетското искуство, работата на комисијата за наука и научно-истражувачките конференции на факултетите на УКИМ (1:04:32).  Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:39:38
May 13, 2020
Транзициона правда со Марко Кртолица
Во новата епзиода на Јустинијан Збори, Џоле, Донев и Тромбе за гостин го имаат доц. д-р. Марко Кртолица од Правниот факултет “Јустинијан Први“. Со него, Никола разговараше за транзициона правда (20:05), неговиот интерес за самиот процес (30:38), како и транзициона правда во Македонија и лустрацијата (38:33). На крајот од разговорот, тој дава препораки за како да си го поминете времето во карантин (1:00:00).  Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:05:35
May 6, 2020
Првомајска со Вилдан Дрпљанин
Првомајско издание на Јустинијан Збори во кое Џоле, Донев и Тромбе придружени од Вилдан Дрпљанин, правен советник во Хелсиншкиот комитет и член на управниот одбор на Младинскиот образовен форум, зборуваат за историската значајност на Први мај како и за процесите започнати со првомајските протести во Чикаго. Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:07:05
May 1, 2020
Вонреден подкаст: Предлог економски мерки на УСС-УКИМ
Во оваа вонредна епизода на Јустинијан Збори, Џоле, Донев и Тромбе за гостин го имаат претседателот на УСС-УКИМ, Борјан Ефтимов, со кој тие разговараат за последните предлог економски мерки на УСС-УКИМ. Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
26:29
April 26, 2020
Интервју со Кате и Ната
Во новата епзиода на Јустинијан Збори, Џоле, Донев и Тромбе за гости ги имаат Катерина Иванова и Наталија Крстевска, студентки на УКИМ. Со нив, тие разговараат за самото значење на феминизмот (03:24), потребата за неговото постоење и состојбата на истиот во државата (08:54), wage gap и pink tax (21:03), како и за #metoo движењетo (45:23) и сеопфатно сексуално образование (58:59). Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:18:46
April 22, 2020
Револуцијата во Хаити и интервју со Мишо Докмановиќ
Во третата епзиода на Јустинијан Збори, Џоле, Донев и Тромбе одлучуваат да ги променат малце работите и да ја анализираат револуцијата во Хаити од 18 век. Тие ја објаснуваат самата ситуација таму пред (04:38) и за време на револуцијата (16:15), како и самиот импакт на светот (25:26). Подоцна поминуваат неколку минути зборувајќи за најновите вести која доаѓаат САД во врска со избоите (40:07) пред интервјуто со проф. д-р. Мишо Докмановиќ - професор на Правниот Факултет Јустинијан Први (49:22). Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:25:30
April 15, 2020
Корона авторитаризам и Авангарда
Во втората епзиода на Јустинијан Збори, Џоле, Донев и Тромбе зборуваат за тоа како авторитарните режими функционираат во време на глобална пандемија. Нешто подоцна, тие даваат примиери за три различни држави (Србија, Унгарија и Кина) каде што постојат вакви режими и како истите се однесуваат во моментот. Тие подоцна поминуваат неколку минути зборувајќи за најновата вест која доаѓа од Висконсин, САД каде што вчера се оддржаа избори пред интервјуто со Петар и Бисера - дел од уредничкиот тим на Aвангарда - првиот студентски медиум при УСС - УКИМ. Со нив се збореше за идејата, концептот и поставеноста на медиумот и неговите почетоци. Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:45:43
April 8, 2020
Вонреден подкаст: Референдум на Јустинијан први
Во оваа вонредна епизода на Јустинијан Збори, Џоле, Донев и Тромбе зборуваат за новонастанатата ситуација на Правниот факултет и одлуката на факултетот во однос на онлајн оценувањето.  Тие ги изнесуваат своите ставови против самата одлука и го анализираат одговорот на Факултетското Студентско Собрание во вид на консултативен референдум спроведен веднаш по одлуката на факутетот. Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
32:17
April 5, 2020
Јустинијан Збори, избори во САД, интервју со Борјан Ефтимов
Во првата епзиода на Јустинијан Збори, Џоле, Донев и Тромбе зборуваат за нивните цели и идеи поврзани со самиот подкаст и неговиот концепт. Нешто подоцна, тие преминуваат на главната тема на епизодата а тоа е моменталната ситуација со претседателските избори во САД и  Берни Сандерс како еден од главните актери во целиот овој процес. Тие исто така поминуваат неколку минути зборувајќи за некои од најважните вести во државата и светот пред интервјуто со Борјан Ефтимов - претседател на Универзитетското Студентско Собрание при УКИМ. Со него, тие дискутираат за најважните работи за студентите во време на пандемија но и за поставеноста на УСС и како самото собрание функционира.  Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
01:46:37
April 1, 2020