Јустинијан збори
By Јустинијан збори
Јустинијан збориNov 11, 2020
Kонфликтот помеѓу Израел и Палестина
Во најновата епизода на Јустинијан збори Џоле и Тромбе се соло и разговараат за конфликтот помеѓу Израел и Палестина: почетоците, историјата и најновите случувања и ескалација.
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
ЛДП, младинска политика и Собрание
Во најновата епизода на Јустинијан збори на гости ни Моника Зајкова, потпретседателка на ЛДП и пратеничка. Со неа, разговаравме за либерално демократската партија, младинска политика, младите во политика, како и за нејзината работа во Собранието.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Црвен крст во Македонија
Во новата епизода на Јустинијан збори на гости ни дојде нашата колешка од политичките студии на Правен - Кристина Георгиевска за да ни каже нешто повеќе за Црвен крст во Македонија.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Пост-мортем на Суперлигата со Скратен Корнер
Во најновата (вонредна) епизода на Јустинијан збори разговаравме со Кире и Влатко од фудбалскиот подкаст „Скратен Корнер“. Со нив ја дискутиравме Суперлигата и причините за истата, како и за нејзиниот прекин после само два дена и поразговаравме за УЕФА и тоа каде е фудбалот денеска.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Шарена револуција: пет години подоцна
Во новата епизода на Јустинијан збори за гостин го имаме Стефан Видиков - поранешен студентски активист и еден од основачите на „Студентски пленум“. Со него поразговаравме за почетоците на „Шарената револуција“, целите и активностите, како и моменталната ситуација кај нас во државата и се обидовме да дадеме одговор дали има светло на крајот од тунелот за Македонија.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Сподели авторка, Stella Network и менторство
Во најновата епизода на Јустинијан збори на гости дојде Сара Миленковска - активистка, феминистка и политиколог, како и ко-основачка на мрежата „Стела“. Со неа разгоараме за иницијативата „Сподели авторка“, идејата позади Стела, како и за важноста од менторство.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Со Ева за УСС и годината што предстои
Во живо интервју со претседателката на УСС - УКИМ, Ева Цветковска.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Една година Јустинијан збори
Една година после првата епизода на подкастот Џоле, Тромбе, Донев и Кате за прв пат во живо разговараат за почетоците, идејата околу подкастот, плановите за во иднина и многу други работи.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
За правните студии на Правен со Ева и Кики
Во најновата епизода на подкастот, а воедно и последна за студиите на Правен, гости ни се колешките од правните студии - Ева Цветковска и Христина Балканов со кои разговаравме за сите работи поврзани со студиите. Пред самиот почеток на разговорот со нив, Џоле и Тромбе ги избираат нивните пикови за hot seat и cool throne за изминатите неколку дена.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
За студиите по односи со јавност
Во најновата епизода на подкастот гости ни се колешките од студии по односи со јавност на Правен - Евгенија Јанакиеска и Марија Стојанова со кои разговаравме за сите работи поврзани со студиите. Пред самиот почеток на разговорот со нив, Џоле и Зорана ги избираат нивните пикови за hot seat и cool throne за изминатите неколку дена.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
За новинарските студии на Правен факултет
Во најновата епизода на подкастот гости ни се колешките од новинарските студии на Правен - Александра Субашиќ и Габриела Лескова со кои разговаравме за сите работи поврзани со студиите. Пред самиот почеток на разговорот со нив, Џоле и Мартин ги избираат нивните пикови за hot seat и cool throne за изминатите неколку дена.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
За политички на Правен со Делина и Данило
Во најновата епизода на подкастот гости ни се колегите од политички на Правен - Делина Хајрадиновиќ и Данило Крстовски со кои разговаравме за сите работи поврзани со студиите (на македонски и англиски јазик). Пред самиот почеток на разговорот со нив, Џоле, Тромбе, Кате и Донев ги избираат нивните пикови за hot seat и cool throne за изминатите неколку дена.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Што се случува со студентското организирање?
Во новата епизода на Јустинијан збори одиме повторно соло и разговараме за изминатата година од аспектот на студентското организирање - за факултетските студентски собранија, УСС, заинтересираноста на студентите и нашите очекувања за во иднина.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Со Радован за софократија и демократија
Во новата епизода на подкастот гостин ни е студентот Радован Спиридонов со кого поразговаравме за демократијата, софократијата, филозофијата и се измеѓу. Пред самиот почеток на разговорот со Радован, Донев и Џоле ги избираат нивните пикови за hot seat и cool throne за изминатите неколку дена.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Најлошите политичари на Балканот
Во новата епизода на Јустинијан збори одиме соло и правиме Mt Rushmore на најлошите политичари на Балканот од распадот на Југославија (1990 - денес). Пред да навлеземе во избирањето лоши политичари, имаме нов сегмент наречен hot seat и cool throne со кој ја започнавме оваа епизода, а планираме со сегментот да ги започнеме и сите следни епизоди.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Зошто Осми март со Јована од Еквалис
Во новата епизода на Јустинијан збори за гостинка ја имаме Јована Богдановиќ - граѓанска активистка од невладината Еквалис. Со неа, поразговаравме за нејзините и активностите на Еквалис, историското значење на Осми март, моменталната ситуација, како и за перформативниот активизам и важноста од едукација за историските настани и процеси.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
#ШтоПравиМВР, попис, вакцини и Бајден
Во најновата епизода на подкастот одлучивме да поразговараме за некои од најинтересните случувања од минатата недела - од најавата за протести по повод #ШтоПравиМВР, преку почетокот на пописот, немањето вакцини, па се до најновите случувања на полето надворешна политика на САД.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Избори и изборни модели во Македонија
Во новата епизода на Јустинијан збори за гостинка ја имаме Викторија Тодоровска - студентка од политичките студии на Правниот факултет. Со неа, поразговаравме за изборите и важноста од изборните модели, како различни модели на гласања и транслација на гласовите би функционирале кај нас, како и за политичките партии во Македонија, нивната идеологија и учествотото на младите во политичките процеси.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Анализа на јавното мислење за процесот на интеграции
Во најновата епизода на Јустинијан збори на гости ни дојде проф. д-р Иван Дамјановски, професор на политички науки на Правниот факултет во Скопје. Со него, поразговаравме за неговата анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија.
Анализата можете да ја најдете овде: bit.ly/3pOeyTe
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Mt Rushmore на лидери со Мартин и Зорана
Во најновата епизода на Јустинијан збори правиме Mount Rushmore на лидери (полтички, историски, моментални, фиктивни) заедно со Мартин и Зорана.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Конференција за климатските промени
Во новата епизода на Јустинијан збори на гости дојдоа Матеа Шошкиќ, Миле Блануша и Елена Фодулова - студенти од политичките студии на англиски јазик на Правен кои се дел од симулацијата на конференцијата за климатски промени организирана од Go Green и Британската амбасада. Со нив разговаравме за конференцијата за климатски промени, важноста од истата, Go Green, како и за политичките студии на англиски јазик на Правниот факултет.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Изборите во Косово, Албин Курти и Балкан
Во најновата епизода на Јустинијан збори на гости дојде Влора Речица - истражувачка и програмска менаџерка во Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во Скопје и алумна на политичките студии на Правен. После воведниот дел каде за прв пат на подкастот се појавуваат Зорана и Мартин, им се приклучи Влора (09:00) со која разговара за штотуку завршените избори во Косово, моменталната ситуација таму, Албин Курти и Ветвендосје, како и за импактот на изборните резултати врз целиот Балкан.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Иницијативата „Мисли Малце“ со Елена Савеска
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Кате, Тромбе и Донев на гости им дојде студентката и активистка Елена Савеска, личноста позади иницијативата „Мисли Малце“. После воведниот дел каде тие сами го дискутираат снегот кој повторно нѐ изненади, им се приклучи Елена (05:15) со која поразговараа за идејата околу „Мисли Малце“, фидбекот од самата иницијатива, за состојбата кај нас во државата и проблемите со кои се соочуваат младите кај нас.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Оргии, Кенеди, Хамилтон, Тито и Курт Кобејн
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Кате, Тромбе и Донев во гости им доаѓа брат му на Џоле - Мартин, со кого тие прават Mount Rushmore на историски настани на кои тие би сакале да бидат таму.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Мјанмар, Јемен и реформите во Македонија
Во најновата епизода на Јустинијан збори Џоле, Тромбе, Донев и Кате прават рекапитулација на некои од поважните случувања од неделата која е позади нас - државниот удар во Мјанмар и протестите во Русија (08:45 - 23:05), одлуката на Бајден да ја прекине поддршката за војната во Јемен и одлуката Невада да им даде на технолошките компании да формираат локални самоуправи (23:05 - 33:40), како и за почетокот на јавната расправа за реформите во образованието кај нас и воведувањето на недела како неработен ден (33:40 - 48:52).
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Пазар на акции, GameStop и Вол Стрит со Боро
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Тромбе и Донев во гости повторно им доаѓа можеби и најдобриот пријател на подкастот - Борјан Ефтимов, овој пат во улога на студент по деловно право. Причината за тоа се најновите случувања на Вол Стрит а се поврзани со пазарот на акции, GameStop и битката на малиот човек со естаблишментот.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Јавна соба и зошто “Едуцирај го син ти“ со Ната
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Кате, Тромбе, Донев и Џоле во гости повторно им доаѓа добрата пријателка на подкастот Наталија Крстевска со која разговараат за сите случувања поврзани со случајот “Јавна соба“, причината зошто треба да биде “Едуцирај го син ти“ и сите други работи поврзани со се она што се случуваше изминатата недела.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Државна матура со Бленди и Лука
Во најновата (јубилејна #50) епизода на Јустинијан збори на Џоле, Тромбе и Донев во гости им доаѓат Бленди Ходаи и Лука Павиќевиќ од Сојузот на средношколци. После воведниот дел каде тие разговараат за јубилејот од 50 епизоди, им се приклучија Бленди и Лука (07:12) со кои разговараа за моменталната ситуација со државната матура и бојктотот на матурантите, односот на МОН, како и за државната матура како концепт.
Јустинијан збори MERCH: bit.ly/2MvoG5C
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
За јазикот и лингвистиката со Нина и Викторија
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Тромбе, Кате и Донев во гости им доаѓат Нина Тунтева и Викторија Блажеска од блогот за лингвистика на македонски јазик - Јазичарница. После воведниот дел каде тие сами го дискутираат виралното меме на Берни, им се приклучија Нина и Викторија (08:05) со кои разговараа за идејата и реализацијата на Јазичарница, македонскиот јазик, дијалекти и лингвистика.
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Сексуално насилство и недостатокот на емпатија
Во најновата епизода на Јустинијан збори Кате, Џоле и Тромбе разговараат за најновите случувања кои доаѓаат од Србија а се поврзани со случајот каде актерката Милена Радуловиќ излезе во јавноста и зборуваше за сексуалното насилство врз која таа и други биле изложени од страна на познатитот учител по глума од Белград, Мика Алексиќ.
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Со Калина и Андреј за Култура Бета
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Тромбе, Кате и Донев во гости им доаѓат Андреј Медиќ Лазаревски и Калина Качоровска од младинската иницијатива Култура Бета. После воведниот дел каде тие сами ги дискутираат вториот импичментот на Трамп, им се приклучија Андреј и Калина (10:30) со кои разговараа за идејата и реализацијата за и околу Култура Бета, состојбата на културата во Македонија, важноста од учеството на младите во истата, како и за нивните планови во 2021 година.
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Капитол Хил, импичмент, Твитер и цензура
Во најновата епизода на Јустинијан збори Џоле, Тромбе, Донев и Кате прават рекапитулација на сите случувања од изминатата недела во САД - од насилниот упад во Капитол Хил, преку процесот на импичмент за Трамп и неговото суспендирање од сите социјални медиуми, па се до победата на демократите во Џорџија и превземањето на Сентатот.
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Новогодишна епизода
Во последната епизода на Јустинијан збори за 2020 година на гости на Џоле, Донев, Тромбе и Кате им дојдоа Борјан, Ангела, Дени, Мими и Ива со кои тие направија една рефлексија на 2020 година (00:00), ги доделија првите “Јустинијан збори награди“ (25:33) и на крај си ги кажаа нивните New Years resolutions (01:58:45). Огромна епизода (најголема до сега) ама дефинитивно вреди да се ислуша до крај.
Читање коментари за кексуално образование со Ната, Кате и Тромбе
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Тромбе и Кате им се придружи Наталија Крстевска и заедно даваат свој коментар на коментарите оставени по социјалите медиуми а кои се однесуваат на воведувањето на сеопфатно сексуално образование.
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Дизајн и политички маркетинг со Иво Дамјановски
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Тромбе, Кате и Донев во гости им доаѓа Иво Дамјановски, дизајнер и најголемиот виновник за тоа како Јустинијан збори изгледа на социјалните медиуми. После воведниот дел каде тие сами ги дискутираат најавените реформи во образованието, им се приклучува Иво (15:35) со кој Џоле и Донев разговараат за дизајнот на самиот подкаст, процесот на Иво при дизајнирање, минимализам како и дизајнот и брендирањето како важен дел од една политичка кампања.
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Јанаков и ССО - лов на вештерки?
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Тромбе, Кате и Донев одат соло и разговараат за две теми кои во последните неколку недели кај нас се доста актуелни - тужбата на Коалиција Маргини против учебник од високо образование врз основа на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и сеопфатно сексуално образование (ССО). Откако во воведниот дел Донев ни го претстави симпозиумот кој што Универзитетското студентско собрание го организира за спорот со Република Бугарија, прво поразговаравме за учебникот и контроверзите околу оваа тема (04:27), па потоа Кате, како некоја директно вклучена во процесот за ССО, ни објасни во детали што ССО е а што не е и поразговаравме за стереотипите кои се присутни во јавноста по ова прашање (26:35).
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
За книгите и читањето со “Читачот“
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Тромбе, Кате и Донев во гости им доаѓа Александар Маџаровски, човекот кој што стои позади YouTube каналот “Читачот“. Со него, тие разговараат за неговата мотивација позади формирањето на каналот и содржините кои тој ги прави таму, за книгите и читањето, како и за моменталната состојба во Македонија по овој поглед. Ја завршивме епизодата со неколку предлози од Алек за тоа што би можеле да прочитаме во нашето слободно време.
“Читачот“ можете да го пронајдете на youtube.com
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
За студентските работи со Зумро и Симе
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Тромбе и Донев за гости ги имаат колегите од Правниот факултет во Скопје - Кристијан Зумровски и Симеон Јанев. Бидејќи Кристијан е досегашниот претседател на Факултетското студентско собрание на Правен а Симеон ќе биде идниот претседател на собранието, со нив тие збореа за минатонеделните избори на Правен, досега сработеното на ФССПФ, како и плановите за во иднина.
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Медуза, родовата (не)еднаквост и напредокот на феминизмот кај нас
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Кате, Џоле, Тромбе и Донев за гостинка ја имаат Калиа Димитрова - координаторка и главна уредничка на првата феминистичка платформа на македонски јазик – Медуза. Епизодата започнува со мала рекапитулација на изборите за членови и претседател на Факултетското студентско собрание на Правен. Потоа следува разговорот со Калиа (од 08:12 минута) со која тие разговараат за формирањето на феминистичката платформа Медуза, родовата (не)еднаквост, како и состојбата на феминизмот во Македонија.
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Од архивата на Јустинијан збори: Notorious RBG
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Тромбе, Кате и Донев се враќаат назад во времето (околу 2 ипол месеци) кога всушност и беше снимена во голем дел оваа епизода но поради технички причини никогаш не беше објавена. Па така, откако во воведниот дел тие разговараат за штотуку завршената дебата за претседател на Факултетското студентско собрание на Правен, имате можност да ги слушнете Кате, Донев и Џоле како разговараат за Рут Бејдер Гинзбург и нејзиното место во историјата (07:40).
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Подкаст за подкасти со Дарко Булдиоски
Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Тромбе, Кате и Донев во гости им доаѓа Дарко Булдиоски, основач на NewMediaMK, програмски директор на AllWeb конференциите и домаќин на подкастот "#Комкаст". Со него, тие разговараат за подкасти, подкасти и повеќе подкасти - од идејата и предизвиците со водењето на Комкаст уште од 2011 година, подкаст културата кај нас, па се до тоа што се е потребно за еден добар подкаст.
#Комкаст можете да го пронајдете на komunikacii.net
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Легализација на марихуаната во Македонија со Јанаки Митровски
Во најновата епизода на Јустинијан збори, Џоле, Тромбе и Донев за гостин го имаат адвокатот Јанаки Митровски со кого разговараа за легализацијата на марихуаната кај нас, како и за одреден број други работи кои произлегоа од самата дискусија. Оваа епизода започнува со мал осврт на најновите случувања со изборите во САД и конечното отпочнување на процесот на смена на претседателот таму. Разговорот со Јанаки започнува од 11:30.
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Состојбата на новинарството во Македонија
Во најновата епзиода на Јустинијан збори, Џоле и Тромбе за гости ја имаат Теодора Цветковска - новинар во ТВ Телма и (сѐ уште) студентка на новинарските студии на Правниот факултет. Главна тема на разговор во оваа епизода е новинарството кај нас. Тие со неа разговараат како таа и нејзините колеги се снаоѓаат со пандемијата (01:25), новинарските студии на Правен (09:43), што значи да се биде млад новинар кај нас (18:18), како и состојбата на новинарството во Македонија (31:15).
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Абортус: аргументот за pro-life
Во најновата епзиода на Јустинијан збори, Кате, Џоле, Донев и Тромбе за гости го имаат Кристијан Калинов - пастор на евангелско-протестантската црква Гласност. Главна тема на епизода повторно е абортусот, но овој пат со Кристијан разговараме за другата страна од аргументот по ова прашање.
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Студентски конференции на УКИМ
Во најновата епзиода на Јустинијан збори, Кате, Џоле, Донев и Тромбе за гости ги имаат претседателот на УСС-УКИМ, Борјан Ефтимов и потпретседателката за наука при УСС-УКИМ, Ангела Најдоска. Главна тема на разговор (започнува од 11:20) во оваа епизода се студентските научно-истражувачки конференции на УКИМ кои само што завршија. Никола со нив разговара за конференциите, плановите за во иднина за УСС и комисијата за наука, како и за потребата од научно-истражувачки можности за студентите во текот на нивното високо образование.
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Абортус - историја и трендови со Теодора Милеска
Во најновата епзиода на Јустинијан збори, Кате, Џоле, Донев и Тромбе за гости ја имаат Теодора Милеска - граѓанска активистка, студентка на Филозофскиот факултет при УКИМ и дел од Хера Млади. Главна тема на разговор во оваа епизода е абортусот. Тие со неа разговараат за нивните гледишта околу абортусот, историјата, како кај нас така и во светот, и најновите трендови во државите во Европа и САД.
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Латинска Америка, Полска и избори во САД
После подолга пауза, Јустинијан збори со нова епизода каде што Џоле, Донев, Тромбе и Кате ги дискутираа политичките случувања во светот. Најпрвин, тие разговараа за најновите случувања во Болвија и Чиле и победите на левицата во овие две држави (07:41). Потоа следува делот каде што тие разгледаа што се случува во Полска и масовните протести таму (28:10). Епизодата ја завршија со разговор за изборите во САД и назначувањето на Емји Кони Берет во Врховниот суд на САД (36:41).
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
8 Септември, Македонија и Берни Сандерс
Во најновата епизода на Јустинијан збори, прва во полн состав - Џоле, Тромбе, Донев и Кате зборуваа за значањето на 8 Септември и нашите мислење за тој ден . Тие поразговараа за осамостојувањето на Македонија, користењето на Северна Македонија, но и за Берни Сандерс кој исто така вчера славеше роденден (10:00). Епизодата ја завршија со разговор за состојбата на демократијата во светот, промената на системот и новиот Сити Мол во Штип (29:22).
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Левица против десница
Во најновата епизода на Јустинијан збори, на Џоле, Тромбе и Донев им се придружи Бојан Никовски, студент на политички студии на македонски јазик при Правниот факултет во Скопје. Со него, тие поразговараа за малата историја која Бојан ја има со подкастот, идеите негови за студентско здружување и младински активизам, како и различните идеолошки гледишта.
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori
Белорусија и идеологијата на Јустинијан збори
Во најновата епизода (прва со Кате како co-host) на Јустинијан збори, Џоле, Тромбе и Кате одлучија да зборуваат за најновите настани во Белорусија и протестите кои се случуваат таму во моментот.
Фејсбук: facebook.com/justinijanzbori
Инстаграм: instagram.com/justinijanzbori